Кралицата ќе жали 8 дена – што ќе се случува по смртта на принцот Филип според кралските протоколи?

Кралското семејство ќе жали 30 денови, на погребот ќе присуствуваат само блиски личности, кралицата нема да се појавува во јавност цел месец - како изгледа операцијата Forth Bridge, односно протоколите изготвени за смртта на принцот Филип?

kralicata-kje-zhali-8-dena-shto-kje-se-sluchuva-po-smrtta-na-princot-filip-spored-kralskite-protokoli-01.jpg

Денес почина принцот Филип кој со своите 99 години беше најстариот член на кралското семејство.

Принцот почина во замокот Виндзор, откако голем дел од 2021 година помина во болница поради инфекција и проблеми со срцето.

Но што ќе се случи сега, по неговата смрт?

Операција Forth Bridge

Операцијата Forth Bridge е всушност претходно изготвен план за смртта на принцот Филип. Во операцијата се вклучени планови за неговиот погреб, неговото погребно место како и траењето на периодот на жалост и за кралското семејство, и за целата држава.

Ваков план се изработува за сите членови од кралското семејство. На пример, планот за кралицата Елизабета е наречен операција London Bridge.

Принцот Филип учествувал во изготвувањето на неговиот план, исто како што и кралицата што учествувала во изработката на нејзиниот.

kralicata-kje-zhali-8-dena-shto-kje-se-sluchuva-po-smrtta-na-princot-filip-spored-kralskite-protokoli-02.jpg

Период на жалост

Во цела Велика Британија ќе почне период на жалост и ќе трае до погребот на принцот. Во овој период, знамињата ќе бидат спуштени на половина копје. Исклучок е знамето кое ја претставува монархијата и кое се наоѓа на врвот на Бакингемската палата.

Во парламентот, политичарите ќе носат црна трака на левата рака. Членовите на кралското семејство исто така ќе носат трака со која ја покажуваат нивната жалост и ќе носат црна облека.

Периодот на жалост на кралицата трае осум денови и овој период таа нема да извршува никакви кралски должности. После погребот, најверојатно ќе има уште 30 денови на жалост за членовите на кралското семејство. Овој период кралицата можеби ќе извршува дел од своите должности, но нема да се појавува во јавност.

kralicata-kje-zhali-8-dena-shto-kje-se-sluchuva-po-smrtta-na-princot-filip-spored-kralskite-protokoli-03.jpg

Кога и каде ќе се одвива службата?

Поради неговата титула, принцот Филип би требало да има државен погреб. Но, според извори блиски до семејството тој сакал мал погреб со приватна служба.

Во овој случај, на погребот ќе бидат присутни само членовите на семејството, блиски пријатели и лидерите на државите од Британскиот Комонвелт.

Службата најверојатно ќе се одржи во капелата Св. Ѓорѓи, која се наоѓа во замокот Виндзор, но од палатата уште немаат објавено датум.

Бидејќи погребот на принцот најверојатно ќе биде воен, во Лондон се очекува и поворка со британската војска, во согласност со протоколите за ковид-19.

На почетокот на поворката ќе стојат војниците, а членовите на кралското семејство, заедно со вработените во палатата, ќе одат по нив. Но, според изворите, кралицата нема да биде дел од поворката, туку ќе се упати директно во замокот каде што ќе го погребат принцот.

kralicata-kje-zhali-8-dena-shto-kje-se-sluchuva-po-smrtta-na-princot-filip-spored-kralskite-protokoli-04.jpg

Пренос на телевизија

Обично кралското семејство дозволува преноси на важни настани, но ако се почитуваат желбите на покојниот принц, погребот нема да се емитува на телевизија. Голема е веројатноста целосно да бидат забранети камери и фотоапарати.

Сепак, се очекува кралицата да одржи говор на телевизија по повод смртта на Филип, но ова зависи само од неа.

kralicata-kje-zhali-8-dena-shto-kje-se-sluchuva-po-smrtta-na-princot-filip-spored-kralskite-protokoli-05.jpg

Каде ќе биде погребан принцот Филип?

Според британските медиуми, принцот Филип ќе биде погребан на имотот на замокот Виндзор, во Forgmore Gardens.

Најголемиот дел од членовите на кралското семејство се погребани во Вестминстер Аби и капелата Св. Ѓорѓи.

Единствено кралицата Викторија побарала да биде погребана во Forgmore Garden, покрај нејзиниот сопруг.

kralicata-kje-zhali-8-dena-shto-kje-se-sluchuva-po-smrtta-na-princot-filip-spored-kralskite-protokoli-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Луѓе ми плаќаат 5.000€ да се појавам на нивниот погреб за да откријам мрачни тајни или да пренесам ... „Во името на една старица пред ужалените кажав дека таа не му е мајка на нејзини...
Кејт Мидлтон со круна на принцезата Дијана, Доналд и Меланија главни гости: Како помина раскошниот б... Во замокот Виндзор се одржа државен банкет во чест на американскиот претседател ...
Принцот Џорџ е пораснат дечко покрај мама Кејт Мидлтон на Вимблдон – во одело и кравата како вистинс... Кејт Мидлтон отмена и елегантна како секогаш, воодушеви заедно со пораснатиот си...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...
Принцот Ендру е уапсен на неговиот 66-ти роденден поради случајот со Џефри Епстин - наводно издавал ... Денес (19.02) братот на кралот Чарлс беше уапсен поради сомнеж за злоупотреба на...
На 19 години зборува над 5 јазици, ќе го изгуби престолот ако добие брат: Која е Леонор, идната крал... Постарата ќерка на кралот Фелипе и кралицата Летиција од Шпанија веќе активно се...

Најчитани неделава