Пред и потоа фото-докази од Google Earth: Како луѓето ја уништуваат планетата, низ годините?
- Детали
- вторник, 20 април 2021
Google Earth воведе нова алатка со која можете да гледате како се менувал изгледот на Земјата во последните четири децении, но и веднаш да ги воочите последиците од глобалното затоплување и негативното влијание на луѓето.
Деновиве Google Earth воведе нова алатка на платформата, наречена Timelapse, со чија помош можете да гледате колку се променило лицето на Земјата од 1984 до 2020 година.
Алатката е еден вид тајмлапс видео, направено од сателитски снимки од последниве четири децении и ви овозможува следење на промените на изгледот на нашата планета.
Како дел од промоцијата за новата алатка, но и со обид да ја подигнат свеста за последиците од глобалното затоплување и негативното влијание на луѓето, од Google Earth споделија и неколку тајмлапс видеа на Јутуб кои многу добро покажуваат колку се промениле шумите, глечерите, плажите и градовите во последните 40-тина години.
Додека промените на некои места, како проширувањето на градовите, изгледаат неверојатно, повеќето само го прикажуваат негативното влијание на луѓето и катастрофалните последици, како исечени шуми, пресушени езера и растопен мраз во поларните региони.
Алатката можете да ја пробате ТУКА, а во продолжение погледнете дел од споредбите на местата кои се промениле најмногу:
Глечерот Колумбија, Алјаска, САД
Мато Грошо, Бразил
Аралско Езеро, Казахстан
Њуфаундленд и Лабрадор, Канада
Шангај, Кина
Дубаи
Уште шест споредби на следната страница...
Би можело да ве интересира:





