Врсничко насилство, отсутни родители, осамено детство – тажната младост на принцот Чарлс

Деновиве принцот Хари зборуваше за „наследната болка“ во неговото семејство. А, кога ќе дознаете низ што сè минувал неговиот татко, принцот Чарлс, во детството и тинејџерските години, ќе ви стане јасно дека Хари, барем делумно, е во право.

Princot-Charls-vo internatite-bil-meta-na-nasilnici-zavrshil-voen-koledz-pominal-dve-misii-vo-divinite-na-Avstralija-01.jpg

Принцот Хари пред неколку дена излезе со нови изјави за кралското семејство што ја шокираа јавноста. Тој говореше за „наследната болка“ во генерациите на кралското семејство.

„Не сметам дека треба да покажуваме прст и да обвинуваме некого, но со сигурност, кога станува збор за родителството, сум искусил некоја форма на наследна болка или страдање заради болката или страдањето што мојот татко или моите родители ги претрпеле. Ќе се осигурам дека ќе го прекинам тој круг и дека нема да го продолжам“.

Оваа изјава принцот Хари ја даде пред неколку дена, во поткаст во којшто говореше за сопственото ментално здравје, но и за одлуките да се пресели од Велика Британија во САД и да се откаже од кралскиот живот.

Кога станува збор за животот на таткото на Хари, принцот Чарлс, Vanity fair во статија од 2017-тата година го опиша како „осамениот престолонаследник“. Статијата се повикува на книгата на Сали Бедел Смит, и во неа се говори за тоа дека додека растел, принцот Чарлс се обидувал да ги направи среќни сопствените родители и да ја исполни улогата што била спротивна на неговата природа.

„Пред часовникот да отчука полноќ на 14-ти ноември 1948 година, Чарлс Филип Артур Џорџ официјално стана јавна сопственост. Додека неговата 22-годишна мајка принцезата Елизабета се одмарала во нејзината спална соба во Бакингемската палата, новородениот наследник бил доведен во големата балска соба од страна на кралската бабица. Новороденчето било завиткано во бели ќебиња и сместено во едноставно креветче за да можат да го видат кралските поданици што му служеле на неговиот дедо Кралот Џорџ Шести и неговата баба Кралицата Елизабета“, се вели во написот.

Текстот ги следи настаните од животот на младиот принц и наведува дека за разлика од неговата мајка, која имала десет релативно безгрижни години во детството, Чарлс бил окружен со големи очекувања и строгост од самиот почеток. (Дури откако нејзиниот татко неочекувано седна на престолот во 1936 година, по абдицирањето на неговиот брат кралот Едвард Осми, принцезата Елизабета ја стекна позицијата на престолонаследничка.)

Princot-Charls-vo internatite-bil-meta-na-nasilnici-zavrshil-voen-koledz-pominal-dve-misii-vo-divinite-na-Avstralija-02.jpg

Елизабета го доела Чарлс додека имал два месеци, по што добила сипаници и престанала. Таа често била подалеку од синот до неговата прва година, затоа што поминувала што е можно повеќе време со нејзиниот сопруг Филип кој во тоа време (1949-тата година), како воено лице во Кралската Морнарица, бил ситуиран во Малта. Успеала да го прослави првиот роденден на принцот заедно со него, но потоа отсуствувала на подолги периоди.

Принцот Филип во првите две години од животот на Чарлс бил постојано отсутен, иако за време на неговото враќање од прекуморските мисии наоѓал време за да го научи синот да пука со пушка и да лови риба и да плива во базенот во Бакингемската палата.

По разделбата со Дијана во 1992 година, Чарлс говореше за сопственото детство со Џонатан Димблеби за потребите на авторизираната биографија насловена Принцот од Велс: Биографија. Според авторот на биографијата, Чарлс како дете често бил „исплашен од силниот карактер на неговиот татко“, чиишто укори за „недостатоците во однесувањето или во ставот често знаеле да го доведат до солзи“. Иако бил мошне строг, Филип имал добри намери, но немал голема имагинација. Чарлс бил малку поблаг со описот на неговата мајка, но според него, таа не била толку многу индиферентна, колку што била отсутна.

Princot-Charls-vo internatite-bil-meta-na-nasilnici-zavrshil-voen-koledz-pominal-dve-misii-vo-divinite-na-Avstralija-03.jpg

Две децении подоцна, во 2012, Чарлс се обиде да го промени мислењето на јавноста за неговите родители со ТВ документарен филм посветен на кралицата и нејзиниот дијамантски јубилеј. Во филмот се опфатени домашни видеа што прикажуваат совршено детство во семејните имоти во Сандрингам, Норфолк и Балморал.

Иако сите имале огромни очекувања од него, Чарлс од самиот почеток бил доста емотивен и чувствителен. Татко му сметал дека поради овие „мани“ тој ќе стане слаб и ранлив, па бил решен да го зацврсти.

Кога Елизабета стана кралица (1952), поради дополнителните обврски, речиси воопшто и да немала време за децата. Таа дополнително се потпирала на нејзиниот сопруг да ги носи поголемиот број одлуки што се поврзани со семејството.

Princot-Charls-vo internatite-bil-meta-na-nasilnici-zavrshil-voen-koledz-pominal-dve-misii-vo-divinite-na-Avstralija-04.jpg

Сепак, Чарлс добивал големо внимание од неговата баба, мајката на кралицата, и често ја посетувал во Ројал Лоџ, кога неговите родители не биле дома. Токму таа го запознала со магијата на уметноста и музиката. Таа била тука за да го прегрне и да му помогне да ја негува неговата љубезна и нежна природа.

На 9 години бил испратен во интернат

На почетокот Чарлс бил образуван во домашни услови. Во 1957-мата година ова се променило, кога тој почнал да оди во престижното Hill House School во Лондон. Неговите родители се обидувале да го сместат во нормална средина – да оди со автобус на терените за спорт и да го мете подот во училницата, но тој сепак имал проблем со контактот со другите деца.

Princot-Charls-vo internatite-bil-meta-na-nasilnici-zavrshil-voen-koledz-pominal-dve-misii-vo-divinite-na-Avstralija-05.jpg

Младиот принц немал проблеми со пишувањето и со читањето, но имал проблем со математиката. Во првиот извештај од училиштето било забележано дека тој „едноставно сака да црта и да бои и покажува интерес за музиката“. Така, по само шест месеци, татко му Филип одлучил принцот да биде префрлен во Cheam School во Хемпшир, каде што и Филип бил испратен кога имал 8 години.

Чарлс имал речиси 9 години кога бил испратен во интернатот, но бил многу почувствителен од неговиот татко. Биографите ги забележуваат изјавите на принцот кој говори дека во тоа време често бил осамен и плачел во собата затоа што сакал да си оди дома. Како престолонаследник, често бил мета на насилство кај врсниците кои му се потсмевале поради клапестите уши и го викале „дебелко“. Поради ова, почнал секоја недела да пишува писма дома, со што ја започнува својата пасија за пишување писма. Во тоа време дури претрпел и ќотек од двајца воспитувачи.

Дополнително, ниту неговата ситна градба и болежливоста не придонесувале многу за да покаже „цврстина“. Имал хронична инфекција на синусите, во мај 1957-мата година му биле извадени крајниците, а подоцна истата година кога заболел од Азиски грип неговите родители воопшто не го посетиле. Таа година, пред да заминат на кралската тура во Канада, кралицата му испратила писмо со желби за побрзо заздравување, а кога на 12 години заболел од сипаници, неговите родители повторно биле на турнеја, во Индија.

Со оглед на тоа што не поседувал соодветна физичка координација и бил полничок, Чарлс не бил талентиран за рагби, крикет или за фудбал – престижните спортови во училиштата. Сепак, од неговата мајка, кога имал само 4 години научил да јава коњ, што подоцна ќе се покаже како мошне важно за љубовта кон полото како спорт.

Најважното нешто што го открил за време на неговото образование во Cheаm School е тоа што сфатил дека се чувствувал прекрасно кога бил на сцена – нешто што ќе се покаже како идеално за него како јавна личност.

Образованието го продолжува во воен колеџ

Нештата во голема мера не се промениле и откако Чарлс заминал во колеџ. Иако, мајката на кралицата во голема мера се заложувала престолонаследникот да замине во колеџот Eton, сепак одлуката на Филип била Чарлс да замине во Gordonstoun, што практично било воено училиште. Во мај 1952-ра, Филип сам со авион го однел Чарлс до кралската воздухопловна база во близина, а потоа со автомобил до колеџот. Колеџот меѓу другите градби опфаќа 7 дрвени престојувалишта што претходно биле користени како бараки за Кралското воздухопловство. Принцот бил во една од бараките заедно со уште 13 други момчиња - период што тој подоцна ќе го опише како „затворска казна“.

Princot-Charls-vo internatite-bil-meta-na-nasilnici-zavrshil-voen-koledz-pominal-dve-misii-vo-divinite-na-Avstralija-06.jpg

Училиштето го „градело карактерот“ на младите момчиња преку постојани физички предизвици. Тие морале да носат кратки пантолони во текот на целата година, а во интернатот прозорите морале постојано да бидат отворени. Денот почнувал со трчање пред појадокот, а потоа следел ладен туш. Освен „спартанските“ услови во интернатот, насилството помеѓу учениците било најнормална појава, па така, и тука престолонаследникот бил постојано исмеван поради физиономијата и бил мета на насилнички напади.

Princot-Charls-vo internatite-bil-meta-na-nasilnici-zavrshil-voen-koledz-pominal-dve-misii-vo-divinite-na-Avstralija-07.jpg

Со цел да му удоволи на татко му, во 1961-вата година Чарлс почнува да игра поло, а од 1964-та и посериозно да се занимава со овој спорт. Јасно е дека младиот принц во голема мера се угледувал и сакал да биде како неговиот татко, а некои биографи одат дотаму што тврдат дека тој почнал да го копира однесувањето на неговиот татко – одење со една рака зад грбот, кревање на ракавот на левата рака итн.

Испратен на мисии за преживување во дивините на Австралија

На возраст од 17 години Чарлс бил испратен да заврши два семестри во дивините на Австралија во рамки на The Geelong Church of England Grammar School, во Мелбурн. 

Во ова училиште, физичките предизвици Чарлс ги совладувал без проблем. Немал проблеми да завршува крос-кантри експедиции на огромни горештини, со пропешачени 130 километри во три дена, искачени три врвови за време на пешачењето и преноќување на студено во вреќа за спиење. Гордо пишувал за сите достигнувања во писмата што ги праќал дома.

Со оглед на тоа што поминал вистинско преживување во дивина, каде имал средба со предатори, змии, отровни инсекти и учествувал заедно со другите ученици во цепење дрва, хранење свини и чистење, на свој начин, тој успеал да му докаже на татко му дека не е слабак.

По ова, Чарлс во 1966-тата година се вратил да го заврши образованието во Gordonstoun каде му е доделена титулата „претседател“ или „Guardian“. Оваа титула му обезбедила дополнителни привилегии, како сопствена соба во станот на директорот на училиштето.

По завршувањето на образованието Чарлс изјави дека овој колеџ го научил на самоконтрола и самодисциплина и дека му дал форма и ред на неговиот живот.

Princot-Charls-vo internatite-bil-meta-na-nasilnici-zavrshil-voen-koledz-pominal-dve-misii-vo-divinite-na-Avstralija-08.jpg

По Gordonstoun, Чарлс го продолжува образованието во Trinity College Cambridge, каде што студира антропологија, археологија и историја. Освен Чарлс, на Gordonstoun се образуваа и неговите браќа, принцот Ендру и принцот Едвард.

Princot-Charls-vo internatite-bil-meta-na-nasilnici-zavrshil-voen-koledz-pominal-dve-misii-vo-divinite-na-Avstralija-09.jpg

Сепак, неговите синови, принцовите Вилијам и Хари не одеа во ова училиште.

Накратко, ако се следат овие податоци, станува јасно за каков вид на живот зборува Хари кога говори за животот на неговиот татко. Сепак, неговите изјави во голема мера беа оценети како сурови, токму поради тоа што следат непосредно по смртта на принцот Филип и додека Чарлс сè уште е растревожен поради загубата на родителот.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„На 16 години бев бездомник, спиев на улица, сакав да си го одземам живот - сè се смени кога ме прим... Клои Помфрет пораснала во згрижувачки дом, а станала бездомник на 16 години. Спи...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„По 8 спонтани абортуси конечно добив син – сопругот ја продаде колекцијата патики за да платиме ин-... „Не бев сигурна дека некогаш ќе добијам бебе, а сега го држам во раце“ – вели же...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Маж со церебрална парализа бил „затвореник“ во својот дом: „Сопругата и нејзиниот љубовник не ми дав... „Поминав четири години во кревет, ме хранеа само колку да преживеам“, открива па...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg