Принцот Хари повторно го напаѓа кралското семејство: „Не сакам да ги третирам моите деца како татко ми мене“

Принцот Хари повторно ја шокира јавноста со искрените изјави за животот со најпознатото кралско семејство. По шокантното интервју за Опра, сега во нов поткаст во САД, тој отворено проговори за менталното здравје. Потенцира дека се преселил во САД заедно со семејството за да го прекине „кругот на болката што ја претрпел како член на Кралското семејство“ и морал да направи промени за неговите деца.

Princot-Hari-povtorno-go-napagja-kralskoto-semejstvo-Ne-sakam-da-gi-tretiram-moite-deca-kako-shto-tatko-mi-me tretirashe-mene-01.jpg

Тој прво посочи дека сакал да ја напушти „Фирмата“ уште во раните 20-ти години од неговиот живот заради „тоа што семејството ѝ го направило на неговата мајка“ и откри дека неговата сопруга Меган Маркл го охрабрила заедно да почнат со терапија.

Два месеци откако го обвини семејството за расизам кон неговиот 2-годишен син Арчи, тој се појави во поткастот Armchair Expert на Дакс Шепард каде ги промовираше серијалите за ментално здравје со Опра Винфри, насловени The Me You Can’t See. Премиерата на овие серијали ќе почне во петок.

Princot-Hari-povtorno-go-napagja-kralskoto-semejstvo-Ne-sakam-da-gi-tretiram-moite-deca-kako-shto-tatko-mi-me tretirashe-mene-02.jpg

Хари, кој ова лето треба да стане татко по вторпат – тој и Меган објавија дека очекуваат ова лето да станат родители на ќеркичка – во интервјуто вели дека неговиот татко „страдал“ поради животот со кралицата и принцот Филип и дека тој го третирал својот син онака како што тој бил третиран.

„Не сметам дека треба да покажуваме прст и да обвинуваме некого, но со сигурност кога станува збор за родителството, сум искусил некоја форма на наследна болка или страдање заради болката или страдањето што мојот татко или моите родители ги претрпеле, ќе се осигурам дека ќе го прекинам тој круг и дека нема да го продолжам.

Многу голем дел од генетската болка се пренесува во секој случај, па ние како родители треба да направиме сè што можеме и да си речеме ’знаете што, ми се случило мене, ќе се осигурам дека нема да ти се случи тебе‘.

Никогаш не забележав, не бев ниту свесен и тогаш почнав да ги склопувам коцките и си реков ’Океј, тој одел во ова училиште. Ова му се случило, знам сè за неговиот живот и знам дека тоа е поврзано со неговите родители па тоа значи дека и тој ме третирал на начинот на којшто бил третиран, па како може тоа да го променам за моите деца‘. Еве сум, го преселив моето семејство во САД, тоа не ми беше во план, но понекогаш мора да ги донесеш одлуките и да ги ставиш сопственото семејство и менталното здравје на прво место“ – вели Хари.

Princot-Hari-povtorno-go-napagja-kralskoto-semejstvo-Ne-sakam-da-gi-tretiram-moite-deca-kako-shto-tatko-mi-me tretirashe-mene-03.jpg

Според принцот Хари животот во кралството семејство е мешавина од „Шоуто на Труман“ во живо и живот во зоолошка градина. Како што призна, во минатото експериментирал со марихуана и алкохол, па тоа дури во една прилика завршило и со играње „гол билијард“ за време на забава во Лас Вегас. Според него сите „луди забави“ од неговата младост се токму поради траумите во детството.

Princot-Hari-povtorno-go-napagja-kralskoto-semejstvo-Ne-sakam-da-gi-tretiram-moite-deca-kako-shto-tatko-mi-me tretirashe-mene-04.jpg

Хари опишува како почнал да посетува терапија откако Меган забележала дека „тој е гневен“ и на прашањето „дали се чувствувал како во кафез додека ги извршувал кралските должности“, тој изјави:

„Тоа е работата нели? Насмевни се и издржи. Заврши ја. Во раните 20-ти години од мојот живот почнав да размислувам дека не ја сакам таа работа. Не сакам да бидам таму. Видете што ѝ направи на мајка ми, како воопшто ќе се средам и ќе имам сопруга и семејство кога знам дека ќе се случи повторно.“

Princot-Hari-povtorno-go-napagja-kralskoto-semejstvo-Ne-sakam-da-gi-tretiram-moite-deca-kako-shto-tatko-mi-me tretirashe-mene-05.jpg

По ова тој вели дека откако ја запознал Меган почнал со терапија и одлучил да престане да се жали, па додаде:

„Додека живеам овде во Лос Анџелес, сега можам конечно да ја кренам главата и да се чувствувам подобро, рамениците ми се опуштија, па и нејзините (на Меган), можеш да се движиш и да се чувствуваш послободно, можам да го возам Арчи на велосипед, никогаш немаше да имам можност да го направам тоа“.

Princot-Hari-povtorno-go-napagja-kralskoto-semejstvo-Ne-sakam-da-gi-tretiram-moite-deca-kako-shto-tatko-mi-me tretirashe-mene-06.jpg

Хари и Меган живеат во палата вредна 14 милиони долари. Тој нагласи дека бил роден и целиот живот уживал привилегии, но дека тоа се променило откако со Меган си заминале минатата година.

Princot-Hari-povtorno-go-napagja-kralskoto-semejstvo-Ne-sakam-da-gi-tretiram-moite-deca-kako-shto-tatko-mi-me tretirashe-mene-07.jpg

Инаку ова е второ „скандалозно“ интервју на принцот Хари во кое тој отворено говори за животот со најпознатото кралско семејство во светот. Пред два месеца тој и Меган гостуваа кај Опра.

Прочитајте повеќе: Загриженост на семејството за бојата на кожата на бебето, тајна венчавка – Што сè открија Меган и Хари во шокантното интервју кај Опра?

Princot-Hari-povtorno-go-napagja-kralskoto-semejstvo-Ne-sakam-da-gi-tretiram-moite-deca-kako-shto-tatko-mi-me tretirashe-mene-09.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
16 трогателни сцени од животот во Мумбаj (кои ежат и допираат до срце) Деца со боси ноџиња среде монсунска бура, татковци кои од петни жили се борат за...
Хари и Меган зад кралските завеси – таа храбро објави невидени кадри од свадбата, страсни бакнежи и ... За 8-та годишнина, Меган и Хари не се кријат, напротив, таа храбро објави невиде...
Спиел со Русинки и се заразил од нив, имал афери со жени во брак: Бил Гејтс спомнат во документите н... Според мејлови кои се објавени во документите од истрагата за Епстин, Бил Гејтс ...
Принцот Џорџ е пораснат дечко покрај мама Кејт Мидлтон на Вимблдон – во одело и кравата како вистинс... Кејт Мидлтон отмена и елегантна како секогаш, воодушеви заедно со пораснатиот си...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...

Најчитани неделава