Кралицата Елизабета се огласи по повод интервјуто на Меган и Хари

Неколку денови по интервјуто на Хари и Меган со познатата водителка Опра Винфри се огласи и кралицата Елизабета, изјавувајќи дека ѝ е жал што младиот пар се соочувал со толку проблеми, но и дека ќе ги решаваат приватно.

problemite-kje-se-reshavaat-privatno-kralicata-elizabeta-se-oglasi-za-intervjuto-na-megan-i-hari-01.jpg

Во интервјуто, Меган откри дека додека била во палатата страдала од депресија и имала самоубиствени мисли, но и дека се соочила со расистички коментари за синот Арчи.

Наводно, поради потеклото на Меган, некои во палатата биле загрижени дека Арчи ќе има премногу темна боја на кожата, па поради тоа не сакале да му дадат титула, а со тоа ни обезбедување.

problemite-kje-se-reshavaat-privatno-kralicata-elizabeta-se-oglasi-za-intervjuto-na-megan-i-hari-03.jpg

Во вторникот, на 9-ти март, кралицата Елизабета конечно се огласи во врска со целата ситуација:

„Целото семејство е тажно што изминативе неколку години биле голем предизвик за Хари и Меган.

Споменатите проблеми, особено тој со расата, се загрижувачки. Додека некои сеќавања можат да бидат поразлични, проблемите се сериозно сфатени и ќе бидат решени со семејството приватно.

Хари, Меган и Арчи секогаш ќе бидат многу сакани членови на семејството“.

problemite-kje-se-reshavaat-privatno-kralicata-elizabeta-se-oglasi-za-intervjuto-na-megan-i-hari-02.jpg

Според еден кралски експерт, со оваа изјава кралицата им потврдува на Хари, Меган и на јавноста дека проблемите наведени во интервјуто ќе бидат решени. Тој нагласува дека кралицата била особено загрижена за расистичките коментари за Арчи.

problemite-kje-se-reshavaat-privatno-kralicata-elizabeta-se-oglasi-za-intervjuto-na-megan-i-hari-04.jpg

Сепак, бидејќи кралицата изјавува „некои сеќавања можат да бидат поразлични“, експертот смета дека со тоа сака да каже дека она што го кажува Меган не значи дека е апсолутна вистина.

„Она што го кажаа Хари и Меган предизвика многу сомнежи. Кралицата ја искористи токму оваа фраза за да се справи со чувствителноста на целата ситуација“.

Погледнете и „Депресијата ѝ е изговор“ – Полусестрата на Меган Маркл тврди дека таа кажува лаги во интервјуто со Опра

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во љубов е со милионер една глава понизок од неа - Зошто врската на манекенката Викторија Силвстед ј... Актерката, модел, пејачка и поранешна Плејбој зајачица, Викторија Силвстед (51),...
Хари и Меган зад кралските завеси – таа храбро објави невидени кадри од свадбата, страсни бакнежи и ... За 8-та годишнина, Меган и Хари не се кријат, напротив, таа храбро објави невиде...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Членови на кралското семејство кои биле ужасни со вработените – Слугинките плачеле од Меган Маркл На принцезата Дијана воопшто не ѝ бил лесен животот со кралското семејство. Па, ...
„Со бившиот сопруг освоиме 2 милиони евра на лото – заглавивме во долгови, ги плаќавме 10 години“ Лара од Англија и поранешниот сопруг освоиле околу 2 милиони евра на лотарија. Н...
Меланија Трамп ги засени сите на раскошната вечера со кралот и кралицата во Белата куќа – ја спореду... На раскошната вечра во Белата куќа каде почесни гости беа кралот Чарлс и кралица...

Најчитани неделава