Девојче со натпросечна интелигенција - Има само две години, а веќе може да чита и ги распознава државите

Кашe Квест навидум е обично две-годишно девојче што слично како и нејзините врсници обожава да ги гледа цртаните филмови Paw Patrol и Frozen, но го привлече вниманието на светската јавност што успеа да влезе во кругот на луѓето со највисок коефициент на интилегенција.

Devojce-so-natprosechna-inteligencija-ima-samo-dve-godini-a-vekje-moze-da-chita-znae-znakoven-jazik-i-gi-raspoznava-drzavite-01.jpg

По направен тест на интелигенција, откриено е дека Каше има IQ 146 и стана најмлад член на американската МЕНСА. За да бидат нештата појасни, од здружението нагласуваат дека вообичаено Американците имаат IQ 100. Сите оние што освоиле од 130 до 132 се сметаат за мошне надарени и се во врвните 2% од популацијата.

Како што раскажува нејзината мајка Сукхџит „Сју“ Атвал, на возраст од 16 месеци Каше веќе препознавала одредени зборови што се вообичаени (the, it, a …). Таа треба да го прослави третиот роденден следниот месец, а веќе може почетнички да чита.

Исто така, Каше веќе знае 50 знаци од знаковен јазик, може да ги именува државите според нивниот облик, а истовремено учи да говори на панџаби и шпански.

„Ако прочитаме некој збор неточно или ако го кажеме неточно, таа ќе нè поправи“ – вели мајката.

Иако девојчето има огромна интелигенција, мајка ѝ вели дека таа во голем дел е иста како и другите деца на нејзина возраст. Омилен цртан филм ѝ е Frozen, ги знае сите песнички за деца и исто така преговара за спиење.

Сепак, иако било откриено дека девојчето е мошне надарено, родителите немаат намера да забрзаат и предвреме да ја пуштат во училиште.

„Не сакаме да се чувствува дека треба брзо да порасне. Не сакаме да ставаме таков притисок врз неа“ – вели мајката.

Погледнете како Каше ги распознава државите на само две години:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...

Најчитани неделава