Ѕвезда на Playboy жали што потрошила 100.000 долари на операции: „Истите ефекти можев да ги постигнам со вежбање“

Ѕвездата на Playboy, Жу Изен вели дека жали затоа што потрошила околу 100.000 долари на нејзината трансформација по пат на пластични операции. Таа вели дека можела истите ефекти да ги постигне и со вежбање.

Dzvezda-na-Playboy-zali-shto-potroshila-100000-dolari-na-operacii-istite-efekti-mozev-da-gi-postignam-so-vezbanje-01.jpg

Изен низ годините поминала околу 50 различни козметички процедури – околу 4 пати била на липосукција, како и на процедури за намалување на масното ткиво. По ова велеше дека е мошне среќна и дека крајните резултати направиле да се чувствува како „нова жена“.

Како што пишува британскиот портал Daily Star, откако бразилската убавица периодот во карантин го поминала во вежбање, сега вели дека жали за тоа што се подложила на пластични операции.

Бразилскиот топ-модел (35) вели дека сфатила дека телото може да се разубави и со редовен тренинг и со водење здрав животен стил. Во последните месеци ја оддржувала фигурата со возење велосипед и вели дека вежбањето имало и други позитивни ефекти врз нејзиниот живот.

„Откако ќе останеме дома на подолго време, сфаќаме дека за да го одржиме здравиот животен стил, дури и за оние што се слаби, неопходно е да се посветиме на спортски активности. Жалам што потрошив толку многу пари на операции“ – вели таа.

Жу е уверена дека возењето велосипед ѝ помага и во другите аспекти во животот, како и за подобрување на либидото.

„Станав посамоуверена и изгубив повеќе килограми додека вежбав. Имам само придобивки. Возењето велосипед ми помага да се ослободам од стресот на секојдневниот живот. Направив тестови што открија дека ми се подобрува и кардиоваскуларното здравје, па поради тоа можам да издржам подолго и во кревет“ – вели таа.

Инаку, Жу Исен е позната и како „музата на импичментот“ во родниот Бразил. Таа во 2016-тата година на протестите против претседателката Дилма Русеф одлучи да протестира гола. По ова таа стана икона на протестите, а набрзо потоа се појави на насловната страница на Playboy Шпанија.

Повеќе фотографии во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Инфекција на градите, нос со некроза: Морничавата вистина зад „живите барбики“ Инфекции по лошо изведени операции, отоци поради филери во непроверени клиники –...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...

Најчитани неделава