Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Девојка дала отказ и раскинала со момчето за да живее во дом на тркала – оди во тоалет во дивина и ужива

Дали некогаш сте посакале да оставите сè зад себе и едноставно да си заминете? Дали сте помислиле дека некаде надвор од цивилизација животот ќе ви биде поедноставен и полесен? Оваа жена го направила тоа – дала отказ на работното место, раскинала со момчето со кое била заедно 5 години и сега живее во дом на тркала надвор од цивилизација.

Dala-otkaz-i-raskinala-so-momcheto-sega-zivee-vo-dom-na-trkala-vo-divinite-site-imame-razlichni-definicii-za-ispolnet-zivot-01.jpg

Линеа Шмелцер (26) од Висконсин во моментов живее во нејзиниот дом на тркала што го нарекува Того, заедно со петгодишниот германски овчар Акела.

Пред да се пресели во дивините таа работела како теренски инструктор за компанија што се занимава со терапии во дивина, но во моментов има свој здравствен бизнис онлајн.

Dala-otkaz-i-raskinala-so-momcheto-sega-zivee-vo-dom-na-trkala-vo-divinite-site-imame-razlichni-definicii-za-ispolnet-zivot-02.jpg

Вели дека имала потреба да патува и да излезе од рутината па така одлучила да го промени сопствениот живот во целост, да ги започне авантурите со домот на тркала. Иако нема вода или тоалет, таа вели дека е „перфектно среќна“ без овие „луксузи“.

Dala-otkaz-i-raskinala-so-momcheto-sega-zivee-vo-dom-na-trkala-vo-divinite-site-imame-razlichni-definicii-za-ispolnet-zivot-03.jpg

Линеа сега се потпира на јавните тоалети или најчесто оди во тоалет во дивината, а загрева вода во шатор за туширање за да ја одржува личната хигиена.

Таа го купила комбето Того во 2020-тата година за 20.000 долари и потрошила околу 7.500 долари за да го реновира во дом на тркала. Таа претходно била пет години во врска со нејзиното поранешно момче и вели дека верувала дека ќе останат заедно засекогаш, но сепак одлуката да се разделат била заедничка и сега се пријатели.

Dala-otkaz-i-raskinala-so-momcheto-sega-zivee-vo-dom-na-trkala-vo-divinite-site-imame-razlichni-definicii-za-ispolnet-zivot-04.jpg

„Уживав во животот пред комбето. Ја градев иднината, поминував време со пријателите, работев на врската со мојот партнер и бев мошне активна на повеќе полиња. Но, ќе кажам дека без возбудена да направам нешто поинакво и што повеќе ќе ме исполнува. Знаев дека мојот живот не е таков како што сакав да биде. Барав повеќе длабочина, цел, патувања и искуства, па решив да го земам Того“ – вели таа.

Линеа целосно сама го реновирала Того. Инсталирала врати на плакарите, огледала, кревет и струја. Сепак, вели дека не додала туш, водена пумпа или тоалет затоа што сакала сè да биде едноставно.

Најголемиот дел од опремата ја чува во просторот под креветот што го нарекува „гаража“.

Dala-otkaz-i-raskinala-so-momcheto-sega-zivee-vo-dom-na-trkala-vo-divinite-site-imame-razlichni-definicii-za-ispolnet-zivot-05.jpg

„Сакав Того да наликува на мала колиба. Знаев дека ќе поминувам најголем дел од времето сама и сакав да имам простор што изгледа удобно и во согласност со природата. Градбата е мошне едноставна: нема туш, нема пумпа за вода, нема тоалет – но знаев дека ќе бидам совршено среќна без тие луксузи. Мислам дека е убаво што сите имаме различни дефиниции за тоа што значи да живееш исполнет живот“ – вели таа.

Dala-otkaz-i-raskinala-so-momcheto-sega-zivee-vo-dom-na-trkala-vo-divinite-site-imame-razlichni-definicii-za-ispolnet-zivot-06.jpg

Таа во моментов креветот го дели со 5-годишниот германски овчар Акела, користи хот-спот од мобилниот телефон за пристап на интернет, храната ја чува во мини ладилник. Готви на шпорет на гас и води доста активен живот додека е на пат.

Повеќе фотографии од скромниот живот на Линеа во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
Бизарниот „харем од мајки“ на Илон Маск: Им нудел милиони долари на жени за да му раѓаат деца, памет... Според последната жена која излезе со тврдење дека родила дете од Илон Маск, мил...
Се школувал под лажно име, не смеел сам да оди ни во тоалет: Тажниот живот на синот на Доналд и Мела... По барање на мајка му Меланија, неговото име и лик не смееле да се спомнат на со...
„Бев шпион и спиев со мажи за да изнудам информации од нив – среќна сум што побегнав од тој живот“ „Кога ги гледав другите жени шпиони на возраст од 50-тина години, беа мизерни и ...
„Мајка ми живее со мене откако се породив, готви и се грижи да сум наспана - не сакам да си оди“ „Се будеше во 5:30 и почнуваше со својата рутина. За појадок ми правеше чај од ц...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg