Девојка (23) открива дека има 63 браќа и сестри од ист татко – планира да ги најде сите

Киани Аројо со години чекала да го запознае донаторот на сперма со чијашто помош била зачната. Досега утврдила дека има 63 браќа и сестри од истиот донатор и решена е да ги најде сите.

Devojka-23-otkrila-deka-ima-63-brakja-i-sestri-planira-da-gi-najde-site-01.jpg

Оваа млада девојка уште од многу мала возраст знаела дека нејзиното семејство е поинакво од останатите, затоа што наместо мајка и татко, таа имала две мајки. Киани Аројо е медицинско лице што живее во Флорида, а вели дека како што растела така сфатила дека била зачната со помош на донатор на сперма.

Додека растела, била љубопитна за тоа кој е донаторот на сперма со чијашто помош била зачната, но вели дека податоците за него биле чувани во тајност, а тоа значело дека неговите деца не може да дознаат ништо за него.

„Правев картички по повод Денот на татковците за мојот донатор затоа што немав татко. Никогаш не направив ништо со нив“ – вели таа.

Според податоците што биле достапни, мајката на Киани дознала дека таа е првото родено дете од тој човек. Киани со години не знаела ништо за него, но откако се појавила во промотивно видео за донаторската компанија Xytex донаторот го променил мислењето.

Откако неговите податоци станале јавно достапни, Киани можела да стапи во контакт со него, но дури откако ќе наполни 18 години.

Сепак, додека чекала да дојде нејзиниот 18-ти роденден таа одлучила да преземе нешто за да ги најде своите браќа и сестри. Се пријавила во регистар на банката за сперма каде била означена како дете на нејзиниот донатор и се надевала дека на тој начин ќе дознае повеќе за своите браќа и сестри.

Кога имала 15 години, за првпат стапила во контакт со една мајка која имала две ќерки близначки, што биле зачнати со сперма од истиот донатор.

„Тие дојдоа во Флорида на одмор и сакаа да одат во DisneyWorld, а јас живеам на само 30 минути оттаму, па одлучив да се сретнам со нив. Тие тогаш имаа само 3 години, па не разбираа која сум јас, знаеја само дека сум ’сестра‘“ – вели Киани.

Запознала вкупно 10 браќа и сестри додека чекала да дојде 18-иот роденден за да може да се запознае и со нејзиниот донатор. Кога конечно го запознала, сфатила дека има многу сличности со него – па сега со него се гледа еднаш годишно.

„Навистина ми помага да научам повеќе работи за себе си. Добро е што имам контакт со него, не како родител, туку како со пријател“.

Devojka-23-otkrila-deka-ima-63-brakja-i-sestri-planira-da-gi-najde-site-02.jpg

Киани дознала дека има вкупно 63 браќа и сестри, а некои од нив живеат во Канада, САД, па дури и во Австралија и Нов Зеланд. Како што вели, дури 12 од нив живеат заедно со неа во Флорида и таа редовно се гледа со некои од нив. Некои од нејзините сестри дури дошле и на нејзината свадба.

„Не се сите заинтересирани да останеме во контакт и со некои од нив сме се виделе еднаш, а потоа тие си продолжиле со животот и тоа е во ред. Барем успеав да ги запознаам“ – вели таа.

Сега, со тоа што конечно се разрешува ситуацијата со светската пандемија, Киани е решена да продолжи да ги бара останатите браќа и сестри. Досега успеала да стапи во контакт со 23 од нив и имаат испланирано семеен собир следниот месец.

Киани има свој Инстаграм профил каде објавува повеќе информации за нејзините браќа и сестри. 

Во продолжение погледнете повеќе фотографии од Киани со нив:

Devojka-23-otkrila-deka-ima-63-brakja-i-sestri-planira-da-gi-najde-site-03.jpg

Devojka-23-otkrila-deka-ima-63-brakja-i-sestri-planira-da-gi-najde-site-04.jpg

Devojka-23-otkrila-deka-ima-63-brakja-i-sestri-planira-da-gi-najde-site-05.jpg

Devojka-23-otkrila-deka-ima-63-brakja-i-sestri-planira-da-gi-najde-site-06.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
„Живеам од социјална помош бидејќи ми е стресно да работам – си купив куќа и ги зголемив градите, не... Жена од Англија 23 години живее од социјална помош бидејќи, како што вели, полес...

Најчитани неделава