Прегратки, шегување: Фото-докази дека Вилијам и Кејт се поопуштени во јавност по скандалозното интервју на Хари и Меган


Прегратки, шегување: Фото-докази дека Вилијам и Кејт се поопуштени во јавност по скандалозното интервју на Хари и Меган

Вилијам и Кејт како да не се истите луѓе што ги гледавме до неодамна. Во последно време, сè почесто можеме да ги видиме насмеани, прегрнати, неформални, со спортски патики – очигледно нештата се менуваат во кралскиот живот.

Fotografii-shto-pokazzuvaat-kako-Vilijam-iKejt-go-promenija-imidzot-po-skandaloznoto-intervju-na-Hari-i-Megan-01.jpg

Како иден престолонаследник на Обединетото Кралство, принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт мора да се придржуваат кон поинакви правила кога станува збор за појавувањето во јавност, за разлика од принцот Хари и Меган Маркл. Но, по скандалозното интервју на Хари и Меган со Опра, нештата во голема мера се променија.

Очигледно, поради сè поголемата популарност што Хари и Меган ја стекнаа, Вилијам и Кејт мора да направат промени во јавниот имиџ за да пристапат кон поголем број луѓе во јавноста.

Ако претходно Вилијам и Кејт цела деценија се придржуваа до правилникот на Бакингамската палата, се чини дека во последниот период нештата се менуваат. Па така, наместо во вообичаеното формално, нив можеме да ги видиме во едно поопуштено, неформално издание.

Во минатото на фотографиите кралската двојка речиси никогаш не можевме да ја видиме како покажува и најмали знаци на блискост и интима, а нивните профили на социјалните мрежи содржеа само кратки видеа од говорите на принцот.

Таквото однесување беше во согласност со правилата на кралското семејство, но се чини дека интервјуто на Меган и Хари предизвика вистински „земјотрес“ и ја натера кралската двојка да направи промени во со векови утврдените кодекси на однесување.

Во продолжение погледнете неколку фотографии кои докажуваат дека Вилијам и Кејт се навистина поопуштени во јавност по интервјуто на Меган и Хари:

Тортата од принцот Вилијам за Кејт по повод Денот на мајката

Fotografii-shto-pokazzuvaat-kako-Vilijam-iKejt-go-promenija-imidzot-po-skandaloznoto-intervju-na-Hari-i-Megan-02.jpg

Кејт во посета на училиште по намалување на мерките за заштита од пандемијата

Fotografii-shto-pokazzuvaat-kako-Vilijam-iKejt-go-promenija-imidzot-po-skandaloznoto-intervju-na-Hari-i-Megan-03.jpg

Вилијам и Кејт во посета на центар за вакцинација во Вестминстер Аби

Fotografii-shto-pokazzuvaat-kako-Vilijam-iKejt-go-promenija-imidzot-po-skandaloznoto-intervju-na-Hari-i-Megan-04.jpg

Вилијам и Кејт си играат со јагниња на фарма

Fotografii-shto-pokazzuvaat-kako-Vilijam-iKejt-go-promenija-imidzot-po-skandaloznoto-intervju-na-Hari-i-Megan-05.jpg

Кејт игра голф и гласно се смее

Fotografii-shto-pokazzuvaat-kako-Vilijam-iKejt-go-promenija-imidzot-po-skandaloznoto-intervju-na-Hari-i-Megan-06.jpg

Вилијам и Кејт се смеат додека играат голф во Belmont Community Centre

Fotografii-shto-pokazzuvaat-kako-Vilijam-iKejt-go-promenija-imidzot-po-skandaloznoto-intervju-na-Hari-i-Megan-07.jpg

Портрети по повод годишнината од бракот во неформално издание (со секојдневна облека и прегрнати)

Fotografii-shto-pokazzuvaat-kako-Vilijam-iKejt-go-promenija-imidzot-po-skandaloznoto-intervju-na-Hari-i-Megan-08.jpg

Fotografii-shto-pokazzuvaat-kako-Vilijam-iKejt-go-promenija-imidzot-po-skandaloznoto-intervju-na-Hari-i-Megan-09.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Принцот Чарлс е позитивен на корона вирус - какви симптоми има? Принцот Чарлс, кој има 71 година, е позитивен на корона вирус. За среќа, тој пок...
Меган е несигурна, Трамп е моќен алфа маж: Какви тајни открива потписот на познатите за нив? Неодамна имавме можност да ги откриеме најоригиналните автограми на познатите, н...
Фотографии од дете мигрант, кое плови на пластични шишиња и плаче неутешно, го потресоа светот „Ми се крши срцето. Не можам да замислам моите деца да треба да направат нешто в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg