Принцот Џорџ (7) дотеран како мини бизнисмен, а зад него Бекам како од модна писта – навиваат за Англија на Европско
- Детали
- среда, 30 јуни 2021
На моменти, малиот принц изгледа како да му е здодевно, а татко му го тера да гледа, а зад него, Дејвид мами воздишки додека навива заедно со неговиот син Ромео.

Кралското семејство од мали нозе ги учи децата како се сака својата земја, па Кејт и Вилијам го однесоа најстариот син Џорџ на натпреварот помеѓу Англија и Германија на Европско првенство.
7-годишниот Џорџ на Вембли се појави дотеран во одело, а многумина се шегуваат дека е како мини бизнисмен, посебно кога ќе се земат предвид неговите гримаси.

Малиот принц на моменти изгледа како да му е многу здодевно и прави смешни гримаси додека аплаудира, но знае и да навива и внимателно да слуша што му објаснуваат родителите.

Зад кралското семејство пак, воздишки мамеше Дејвид Бекам, кој како и секогаш, изгледа како да е излезен од модна писта.

Дејвид навиваше заедно со својот син Ромео, а до нив седеше и Ед Ширан. Во еден момент беа забележани како сите заедно разговараат и се смеат.

Повеќе фотки од нив на Вембли:
М. М. | Црнобело