Имав вонматерична бременост и ми рекоа дека никогаш нема да бидам мајка – потоа открија дека имам и второ бебе-херој

Бет и Луис Ричардсон се родители на малата Миреја, која за чудо ја преживеала операцијата за отстранување на вонматеричната бременост на нејзиниот близнак, а му дала и волја на нејзиниот татко да се избори со канцерот.

po-vonmaterichnata-bremenost-i-rekle-deka-nikogash-nema-da-bide-majka-ne-znaele-deka-vo-matkata-se-krie-ushte-edno-bebe-01.jpg

Бет Ричардсон (27) и нејзиниот сопруг Луис (28) од Англија се запознале кога имале 12 години, а почнале да се гледаат во октомври 2018-тата година.

Бет имала операција на јајчниците и ѝ било кажано дека ќе има проблеми со забременување. Во јуни 2020-тата таа била итно пренесена во болница со големи болки и лекарите утврдиле дека има вонматерична бременост по што итно ѝ била направена операција.

По ова, лекарите ѝ рекле дека никогаш нема да остане бремена, а никој не очекувал дека е возможно таа да била бремена со близнаци и едното дете да се изборило за живот.

„По два дена ми направија анализа на крвта и резултатите покажаа дека сè уште сум бремена. За чудо кога ми направија ехо-преглед, во мојот стомак имаше близначка што безбедно растела. Таа ја преживеала операцијата без воопшто да знаеме дека била таму“ – вели Бет.

po-vonmaterichnata-bremenost-i-rekle-deka-nikogash-nema-da-bide-majka-ne-znaele-deka-vo-mat.jpg

Мислеле дека конечно им се насмевнала среќата, но само неколку недели пред нивната свадба Луис открил израсток на вратот. Првично мислеле дека се работи само за инфекција, но, во октомври 2020-тата година, само четири дена откако се оженил со неговата бремена свршеница тој дознал дека боледува од Хоџкин-ова лимфома, редок вид на карцином на крвта.

po-vonmaterichnata-bremenost-i-rekle-deka-nikogash-nema-da-bide-majka-ne-znaele-deka-vo-04.jpg

По ова следел мошне тежок период. Бет постојано крварела во бременоста, поради што морала да оди на чести прегледи и ѝ било забрането да се движи, а Луис бил на третман со хемо-терапија. Но, по тешкиот период конечно се случило и нешто убаво.

po-vonmaterichnata-bremenost-i-rekle-deka-nikogash-nema-da-bide-majka-ne-znaele-deka-vo-05.jpg

Во февруари годинава тие ја добиле ќерката Миреја, а три дена подоцна Луис завршил со третманите за канцер и оттогаш е излекуван. Името на нивната ќерка во шпанскиот јазик означува „чудо“, а по бројните проблеми, станува јасно зошто оваа двојка се одлучила токму за ова име.

„Миреја е нашето чудо. Таа ја преживеа операцијата за отстранување на вонматеричната бременост, а потоа му даде сила на Луис за да се избори со канцерот. Претрпевме голема тага и голема радост во минатата година и сега сакаме да уживаме во секој миг со нашето бебе, се чувствуваме благословено“ – вели Бет.

po-vonmaterichnata-bremenost-i-rekle-deka-nikogash-nema-da-bide-majka-ne-znaele-deka-vo-06.jpg

Што е ектопична (вонматерична) бременост?

Кај нормалната бременост јајце клетката се оплодува во јацеводот и потоа патува до матката, каде ќе се всади, а кај ектопичната (или вонматерична) бременост доаѓа до всадување или имплантација на ембрионот надвор од матката.

Најчесто кај вонматеричната бременост импланацијата е во еден од јајцеводите, а многу поретко може да се случи ембрионот да се всади: во стомачната празнина, надворешно на матката, во јајниците или на друго место.

Лекарите тврдат дека во ниту еден случај нема услови за одржување на бременоста. Како што расте ембрионот доаѓа до пукање на јајцеводот или другите органи, тешко крварење и го доведува во опасност животот на жената.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
Родена во куќа од кал, уапсена е за наркотици, а сега е најмоќната жена на светот: Која е првата дам... Силија Флорес не е претседател на Венецуела, не седи на официјалната фотелја на ...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Абортирала поради него, ја терал да спие со Ерос Рамацоти за да направи еротски фотки - Бурната љубо... Поранешниот сопруг, познат и како „крал на папараците“ во Италија, продавал нејз...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...

Најчитани неделава