Девојката на која Сајмон Кауел ѝ стисна златен тастер се откажува поради битка со ракот – му го стопи срцето на „суровиот“ судија

Со растреперен глас и воздржување од солзи, Сајмон Кауел се поздрави со пејачката чија приказна за битката со ракот и предвидените 2% шанси за преживување ги растажи сите, откако претходно „суровиот“ судија ѝ стисна златен тастер.

devojkata-na-koja-sajmon-kauel-i-stisna-zlaten-taster-se-otkazhuva-poradi-bitka-so-rakot-mu-go-stopi-srceto-na-suroviot-sudija-1.jpg

Џејн Марчевски е пејачката што е попозната како Nightbirde и ги воодушеви сите со моќната изведба на авторската песна It’s OK за време на аудиција на „America’s Got Talent“, а со својот талент „заработи“ златен тастер од Сајмон Кауел.

https://www.instagram.com/tv/CQ_ty4eFeEw/?utm_source=ig_web_copy_link

За жал, таа најави дека повеќе нема да учествува во натпреварувањата на познатото талент шоу.

Триесетгодишната Марчевски претходно откри дека се бори со карцином и дека има минимални 2% шанси за преживување. Таа на почетокот на месецот преку Инстаграм најави дека нејзината здравствена состојба се влошила и дека ќе мора да се повлече од натпреварувањата.

Сепак, иако не можеше да настапува во живо, таа оваа недела беше дел од шоуто преку видео-разговор. Она што на сите им остави особен впечаток е емотивниот говор на „суровиот“ Сајмон Кауел, кој покажа дека сепак има меко срце.

devojkata-na-koja-sajmon-kauel-i-stisna-zlaten-taster-se-otkazhuva-poradi-bitka-so-rakot-mu-go-stopi-srceto-na-suroviot-sudija-02.jpg

Со растреперен глас, се чинеше дека во еден миг нема да издржи и ќе заплаче, сепак Сајмон собра сили за да се поздрави со натпреварувачката:

„Здраво Џејн. Разговаравме неколкупати и знам дека си донела одлука, со право, затоа што твоето здравје во моментов е приоритет. Знам дека последниот пат кога разговаравме, рече дека се чувствуваш како да си ја изневерила публиката.

Јас само ќе кажам дека никого не си изневерила. Иако не се натпреваруваше, ти си сепак победник. Твојата видео-снимка имаше толку големо влијание кај публиката заради твојата храброст и заради тоа што си.

Најважно е здравјето и да закрепнеш. Ние ти ја испраќаме нашата љубов, нашите молитви и не можеме да дочекаме да те видиме повторно. И ти благодариме што беше дел од шоуто и што ни отпеа толку убава песна. Знаеш, беше...“

devojkata-na-koja-sajmon-kauel-i-stisna-zlaten-taster-se-otkazhuva-poradi-bitka-so-rakot-mu-go-stopi-srceto-na-suroviot-sudija-03.jpg

Во овој миг, Сајмон стана видливо вознемирен за да продолжи, па камерата се сврте кон другите судии.

Инаку, златниот тастер беше воведен во шоуто во 2014-тата година. Секој од судиите има право по еднаш да го употреби овој тастер и со тоа директно да го испрати натпреварувачот во полу-финалните настапи во живо.

Nightbirde требаше овој месец да започне со настапите во живо, но поради влошената здравствена состојба тоа не се оствари.

Погледнете го видеото во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во љубов е со милионер една глава понизок од неа - Зошто врската на манекенката Викторија Силвстед ј... Актерката, модел, пејачка и поранешна Плејбој зајачица, Викторија Силвстед (51),...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Сите љубовници на Адолф Хитлер - Бирал двојно помлади девојки, една му родила син, внуката се убила ... Приказната за љубовта на Адолф Хитлер и Ева Браун е позната на сите, но малкумин...
Абортирала поради него, ја терал да спие со Ерос Рамацоти за да направи еротски фотки - Бурната љубо... Поранешниот сопруг, познат и како „крал на папараците“ во Италија, продавал нејз...
Принцот Ендру е уапсен на неговиот 66-ти роденден поради случајот со Џефри Епстин - наводно издавал ... Денес (19.02) братот на кралот Чарлс беше уапсен поради сомнеж за злоупотреба на...

Најчитани неделава