Девојка чекала 45 минути партнерот да ја запроси – прстенот му паднал во вода пред да ја побара за сопруга

Овој млад човек сакал да направи незаборавно запросување за неговата свршеница и успеал, но не поради вистинските причини. Пред да успее да го постави прашањето поминал 45 минути во барање на прстенот.

koga-zaprosuvanjeto-nema-da-trgne-spored-planiranoto-cel-chas-go-baral-prstenot-vo-barata-kade-padnal-01.jpg

Грант Стивенс (28) од Обединетото Кралство направил сè за да ѝ приреди романтично запросување на нејзината свршеница Моли Рис (31).

koga-zaprosuvanjeto-nema-da-trgne-spored-planiranoto-02.jpg

Сепак не предвидел дека златниот прстен со аквамарин може да биде малку нестабилен во кутијата.

Тој ја однел својата девојка на мостот во Линколн Арботеум, клекнал на едно колено подготвен да го постави прашањето дали таа прифаќа да му биде сопруга и во истиот миг кога ја отворил кутијата, прстенот летнал и паднал во барата под мостот.

koga-zaprosuvanjeto-nema-da-trgne-spored-planiranoto-03.jpg

Како што пишува Моли на својот Facebook профил, Грент по ова 45 минути го барал прстенот во барата, а пренесува Daily Mail.

„Ги извади чевлите и чорапите, ги подвитка ногавиците и скокна во барата за да го најде прстенот. Еве фотографија од мојот вереник додека го бара мојот прекрасен прстен и мигот кога конечно го најде“ – напиша Моли.

koga-zaprosuvanjeto-nema-da-trgne-spored-planiranoto-04.jpg

Секако, Моли прифатила да му биде сопруга, па така целиот труд на крајот навистина му се исплатил.

koga-zaprosuvanjeto-nema-da-trgne-spored-planiranoto-05.jpg

Како и да е, ќе имаат неверојатна приказна за раскажување за идните генерации.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
„Имате ли мозок?“ - Пар стана мета на осуда поради своето запросување „Личност што би направила вакво нешто и личност што би се омажила за неа – не тр...
Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
„Живееше со мене во пештери 14 години, се селевме 49 пати“ - Која е сопругата на новиот претседател ... Кога на почетокот на 2025 член на Ал Каеда стана претседател на Сирија, светот с...
Можни причини зошто Меланија останува со Доналд Трамп (иако некогаш изгледа како да го мрази) Меланија знае како е да се почне од нула, па веројатно не сака да си ја загрозув...
Ралф Шумахер ќе се венча со помладиот дечко - свадба во Франција, бившата која правеше драми сега ја... 19 месеци откако откри дека е во геј врска, и по бројни јавни обвинувања со пора...

Најчитани неделава