Бебе родено со 480 грама се борело за живот – прегратките од братот близнак го спасиле


Бебе родено со 480 грама се борело за живот – прегратките од братот близнак го спасиле

Љубовта од едното близначе му помогна на другото да преживее, иако е родено само со 480 грама. Приказна од Велика Британија што го освои светот...

bebence-rodeno-480-grama-prezhivea-blagodarenie-na-pregratkite-od-bratcheto-bliznak-01.jpg

Честер Грејвс е роден на 15-ти јули во 28-та недела од бременоста на неговата мајка со тежина од само 480 грама, заедно со неговиот брат близнак Отис кој тежел 3 пати повеќе, односно 1 килограм и 560 грама.

bebence-rodeno-480-grama-prezhivea-blagodarenie-na-pregratkite-od-bratcheto-bliznak-05.jpg

Двете близначиња поради тоа што биле предвреме родени биле задржани во болница, но Отис бил пуштен по 6 седмици и сега тежи 2 килограми и 800 грама, додека Честер морал многу храбро да се бори за својот живот уште од првиот ден и сега едвај стигнал до тежина од 1 килограм и 530 грама.

bebence-rodeno-480-grama-prezhivea-blagodarenie-na-pregratkite-od-bratcheto-bliznak-03.jpg

Неговите родители Кели Грејс (32) и Били (35) од Велика Британија велат дека е вистинско чудо тоа што Честер преживеал и сметаат дека тоа во голема мерка е благодарение на прегратките од неговото братче близнак Отис.

bebence-rodeno-480-grama-prezhivea-blagodarenie-na-pregratkite-od-bratcheto-bliznak-04.jpg

„Не се сомневам дека прегратките од неговиот брат близнак му помогнаа да се избори“, вели Кели и додава дека ако вака напредува, Честер за месец-два ќе биде дома со своето семејство.

Фотографиите од близначињата стана вирален хит:

bebence-rodeno-480-grama-prezhivea-blagodarenie-na-pregratkite-od-bratcheto-bliznak-06.jpg

bebence-rodeno-480-grama-prezhivea-blagodarenie-na-pregratkite-od-bratcheto-bliznak-02.jpg

bebence-rodeno-480-grama-prezhivea-blagodarenie-na-pregratkite-od-bratcheto-bliznak-07.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дедото кој оздраве од корона, преживеал шпански грип и војна – сега слави 104-ти роденден Во овој период, инспиративни се приказните за луѓето кои оздравуваат од корона в...
Девојче (10), родено без рака, доби бионичка рака токму за отворањето на божиќните подароци Кога има хумани луѓе има и насмевка на лицата на дечињата како Лекси. Од дониран...
Се роди девојче од ембрион смрзнат пред 27 години - „Ни го промени животот“ Прекрасно девојче од 3 килограми се роди од ембрион смрзнат пред 27 години – ова...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg