Русин со ампутирани нозе живее со полн здив – искачи врв висок 8.163m само со помош на раце

„Само ако дејствувате во животот можете да постигнете сè“ – вели параолимпиецот Рустам Надиев кој само со помош на раце успеа да искачи врв висок над 8.000 метри на Хималаите.

paraolimpiec-komu-dvete-noze-mu-se-amputirani-uspea-da-iskachi-vrv-visok-8-163-metri-na-himalaite-01.jpg

Параолимпиецот Рустам Набиев е првиот човек во светот што успеал да се искачи на врвот Манаслу (8.163 m) на Хималаите само со помош на рацете, а целата експедиција траела 35 дена.

Рустам ги загубил и двете нозе по трагедија што се случила во 2015-та година и иако познатите алпинисти не му давале добри прогнози за овој подвиг, тој сепак успеа да се запише како првиот човек во светот што успеал да се качи на овој врв само со раце.

paraolimpiec-komu-dvete-noze-mu-se-amputirani-uspea-da-iskachi-vrv-visok-8-163-metri-na-himalaite-02.jpg

„Многу размислував за тоа што го направив и сфатив дека направив нешто навистина нереално. Не можам уште да си поверувам дека успеав да го направам тоа“ – вели Рустам, а пренесуваат руските медиуми.

Вообичаено, за време на искачувањето алпинистите се придружувани од Шерпа, претставници од луѓето во Непал, кои се силни и цврсти планинарски водичи.

Неговите водичи сметале дека ќе треба самите да го носат параолимпиецот, но останале изненадени од неговата физичка подготвеност.

„Мора да продолжите, затоа што сте дале ветување – прво себеси, но и на оние луѓе што веруваат во вас. Имав огромна одговорност за сите луѓе што ме гледаа и се грижеа за мене. Тоа беше еден вид мисија што морав да ја завршам за сите оние луѓе што ме следат“ – вели Набиев.

Патот до врвот Манаслу е вистински предизвик и за искусните алпинисти – со вертикални ледници, пукнатини длабоки и до 50 метри и области каде се чести појавите на лавини.

Особено тешко е тоа што, како што раскажува Рустам, колку поблиску сте до врвот, толку е потешко да дишете.

paraolimpiec-komu-dvete-noze-mu-se-amputirani-uspea-da-iskachi-vrv-visok-8-163-metri-na-himalaite-03.jpg

„Со овој подвиг сакав да докажам дека само ако дејствувате во животот можете да постигнете сè“ – вели тој.

Инаку неговиот подвиг беше документиран на социјалните мрежи.

Погледнете повеќе негови фотографии во продолжение:

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
„Живеам од социјална помош бидејќи ми е стресно да работам – си купив куќа и ги зголемив градите, не... Жена од Англија 23 години живее од социјална помош бидејќи, како што вели, полес...
Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...

Најчитани неделава