Трагична вест: Алек Болдвин во солзи и неверување откако случајно застрела двајца колеги, од кои едниот го загуби животот


Трагична вест: Алек Болдвин во солзи и неверување откако случајно застрела двајца колеги, од кои едниот го загуби животот

На снимањето на неговиот нов филм, Алек Болдвин случајно ја застрелал и убил кинематограферката Халина Хачинс и го ранил режисерот и сценарист Џоел Соуза. Од фотографиите се гледа дека актерот е видно вознемирен, а засега не е познато што точно се случило.

tragichna-vest-alek-boldvin-vo-solzi-i-neveruvanje-otkako-sluchajno-zastrela-dvajca-kolegi-i-edno-lice-go-zagubi-zhivotot-01.jpg

Холивудскиот актер Алек Болдвин случајно застрелал двајца од филмската екипа на сетот на неговиот нов филм Rust. Актерот ги застрелал 42-годишната Халина Хачинс која е кинематографер, како и 48-годишниот сценарист и режисер Џоел Соуза. Халина, за жал, не преживеала.

Несреќниот настан се случил на сетот во Њу Мексико и полицијата потврдила дека 68-годишниот актер е оној којшто го истрелал пиштолот.

tragichna-vest-alek-boldvin-vo-solzi-i-neveruvanje-otkako-sluchajno-zastrela-dvajca-kolegi-od-koi-edniot-go-zagubi-zhivotot-09.jpgЏоел Соуза (лево) и Халина Хачинс (десно)

Сепак, уште не се познати детали и не се знае дали некој го наполнил пиштолот со вистински куршуми или дали лажниот куршум што се користи за снимање испукал заедно со остатоци од вистински куршум во цевката на пиштолот.

Кратко по инцидентот актерот беше забележан во солзи пред полициската станица поради немилиот настан.

Британскиот водител Пирс Морган сподели и две фотографии на кои се гледа агонијата на актерот.

tragichna-vest-alek-boldvin-vo-solzi-i-neveruvanje-otkako-sluchajno-zastrela-dvajca-kolegi-i-edno-lice-go-zagubi-zhivotot-03.JPG

„Алек Болдвин вознемирен, откако случајно застрела и уби кинематограф на сетот на неговиот нов филм и го рани режисерот-сценарист. Како е можно да се случи ова?“

Засега не биле покренати обвиненија, но од полицијата велат дека има активна истрага со која ќе се утврди што точно се случило.

„Според инспекторите, се чини дека во сцената што се снимала се користела лажна муниција кога пиштолот бил истрелан. Детективите истражуваат за да откријат што точно било истрелано.

Инцидентот е активна истрага. Кога ќе добиеме нови информации, ќе ги споделиме со јавноста“, изјави портпаролот на полициската станица.

tragichna-vest-alek-boldvin-vo-solzi-i-neveruvanje-otkako-sluchajno-zastrela-dvajca-kolegi-i-edno-lice-go-zagubi-zhivotot-02.JPG

Некогаш на снимањето на холивудските филмови се користи вистинско оружје, особено ако оружјето треба да се гледа одблизу. Причината за ова е едноставна – вистинските пиштоли се потешки од лажните и глумата изгледа поуверлива.

tragichna-vest-alek-boldvin-vo-solzi-i-neveruvanje-otkako-sluchajno-zastrela-dvajca-kolegi-od-koi-edniot-go-zagubi-zhivotot-02.jpgФилмскиот сет каде што се случила трагедијата

tragichna-vest-alek-boldvin-vo-solzi-i-neveruvanje-otkako-sluchajno-zastrela-dvajca-kolegi-od-koi-edniot-go-zagubi-zhivotot-05.jpgФилмскиот сет каде што се случила трагедијата

Пиштолите се полнат со лажни куршуми, познати и како „ќор-фишек“. Во вистинските куршуми има барут, дел на дното кој го пали барутот за да предизвика експлозија и мал проектил на врвот. Овој проектил е всушност делот од куршумот што е смртоносен.

Лажните куршуми го имаат истиот состав, но кај нив нема проектил. Кај лажните куршуми во Холивуд на местото на проектилот обично ставале восок или нешто слично за да го затнат.

Па, кога ќе се испука пиштолот, се слуша експлозијата од барутот, но нема проектил со кој може да се застрела некој или нешто.

Но, бидејќи сепак станува збор за експлозија, и лажните пиштоли можат да бидат опасни ако се истрелаат во нечија близина.

tragichna-vest-alek-boldvin-vo-solzi-i-neveruvanje-otkako-sluchajno-zastrela-dvajca-kolegi-od-koi-edniot-go-zagubi-zhivotot-06.jpgФилмскиот сет каде што се случила трагедијата

Бидејќи од пиштолот се истрелува и восокот или материјалот искористен за да се затне куршумот, ако некој е многу блиску до цевката, може да биде повреден.

Несреќа може да се случи и ако пиштолот не е правилно наполнет – ова беше причината за инцидентот на сетот на The Crow, каде што загина синот на Брус Ли, Брендон Ли.

Наводно, некој не ракувал со пиштолот како што треба, па во неговата цевка останал заглавен вистински куршум. Кога од пиштолот бил истрелан лажниот куршум, од цевката бил истрелан и вистинскиот, по што актерот беше смртно ранет.

tragichna-vest-alek-boldvin-vo-solzi-i-neveruvanje-otkako-sluchajno-zastrela-dvajca-kolegi-od-koi-edniot-go-zagubi-zhivotot-09.JPG

Како што напоменавме, засега не е познато што се случило со пиштолот на Алек Болдвин, но голема е веројатноста грешката да настанала поради неправилно ракување на пиштолот.

Односно, можеби во цевката имало вистински куршум или некаков остаток.

tragichna-vest-alek-boldvin-vo-solzi-i-neveruvanje-otkako-sluchajno-zastrela-dvajca-kolegi-od-koi-edniot-go-zagubi-zhivotot-03.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жена си позира за селфи во метро како никој да не ја гледа (видео) Жена одржа лекција за самодоверба откако си направи фотосесија среде метро. Храб...
Жена за првпат стана мајка на близначиња на 50 години, по низа спонтани абортуси Го чекала вистинскиот, но не дошол, па од 39-годишна возраст минала години и год...
Врсничко насилство, отсутни родители, осамено детство – тажната младост на принцот Чарлс Деновиве принцот Хари зборуваше за „наследната болка“ во неговото семејство. А, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg