Маж од Англија поминал 170 циклуси хемотерапија и мислел дека никогаш нема да стане татко – сега има 6-месечен син

„Отсекогаш сакав да бидам татко, но мислев дека никогаш нема да имам деца затоа што имав над 170 циклуси хемотерапија. Син ми е апсолутно чудо бидејќи беше зачнат природно“ - вели Џонатан (32) од Англија кој од 17 години се борел со тумор на мозокот. 

mazh-pominal-170-rundi-hemoterapija-mislel-deka-nikogash-nema-da-stane-tatko-a-sega-ima-6-mesechen-sin-01.jpg

Џонатан Џоунс (32) од Англија имал само 17 години кога за првпат му бил дијагностициран тумор на мозокот, а сега на 32 години зад себе има поминато 170 циклуси хемотерапија.

Во тинејџерските години, Џонатан бил избркан од пет училишта и почнал да запаѓа во неволји со полицијата.

Иако многумина сметале дека тоа е нормално бунтовничко однесување за неговите години, мајка му Алисон Кин (55) била убедена дека нешто не е во ред со нејзиниот син и почнала да бара дијагноза, но никој не воочувал никаков проблем, затоа што немало никаков физички проблем.

mazh-pominal-170-rundi-hemoterapija-mislel-deka-nikogash-nema-da-stane-tatko-a-sega-ima-6-mesechen-sin-02.jpg

На возраст од 17 години Џонатан почнал да се однесува подобро, па како награда добил патување во Хонгконг со семејството на неговите пријатели.

За време на патувањето Џонатан почнал да чувствува силни главоболки, но сметал дека тоа му се случува поради временската разлика, но и прекумерното пиење алкохол.

Кога се вратил дома заминал на забава за да го прослави крајот на училишната година, но нештата набрзо се влошиле па бил пренесен дома.

mazh-pominal-170-rundi-hemoterapija-mislel-deka-nikogash-nema-da-stane-tatko-a-sega-ima-6-mesechen-sin-03.jpg

На почетокот, лекарите сметале дека Џонатан има мамурлак или вирусна инфекција, а во 2007-мата година мајка му го однела на лекар и барала да му се направи магнетна резонанца на мозокот.

По еден час ја добил дијагнозата дека има тумор на мозокот со големина на портокал и лекарите препорачале веднаш да му се направи операција.

На мајката и кажале дека има 30 отсто шанси да не ја преживее операцијата на мозокот, а доколку се остави туморот најмногу може да живее уште неколку недели. По седумчасовната операција, околу 98 отсто од туморот бил отстранет.

По ова почнало неговото 14 годишно лекување со зрачење и хемотерапија.

На почетокот, кога Џонатан почнал со терапијата, му препорачале да замрзне сперма, затоа што е можно никогаш да не може да стане татко.

mazh-pominal-170-rundi-hemoterapija-mislel-deka-nikogash-nema-da-stane-tatko-a-sega-ima-6-mesechen-sin-04.jpg

Сегашната девојка, Даниел Тејлор, ја запознал во 2019-та година во бар и веднаш знаел дека таа е поинаква од сите останати жени.

Пет месеци по запознавањето имале непланирана бременост, но за жал Дениел имала спонтан абортус. Потоа планирале да имаат ин-витро оплодување, но, за чудо Дениел останала бремена по природен пат, само шест месеци откако го загубиле првото бебе.

„Отсекогаш сакав да бидам татко, но мислев дека никогаш нема да имам деца затоа што имав над 170 рунди хемотерапија. Џеј Џеј е апсолутно чудо и беше зачнат природно, иако претходно ги разгледувавме опциите за ин-витро оплодување.

Навистина сметам дека мојата приказна ќе ги инспирира другите луѓе да останат силни и да не губат надеж“ – вели Џонатан.

mazh-pominal-170-rundi-hemoterapija-mislel-deka-nikogash-nema-da-stane-tatko-a-sega-ima-6-mesechen-sin-05.jpg

Нивниот син Џеј Џеј се родил во мај годинава. Дениел веќе има две деца од претходни врски, а со Џонатан се надеваат дека ќе имаат уште едно дете следната година.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...

Најчитани неделава