Бизарниот бодибилдер Јуриј Толочко нa меден месец на Балканот, со втората „сопруга“ секс кукла (фото)
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
монтер 18-01-2022


Бизарниот бодибилдер Јуриј Толочко нa меден месец на Балканот, со втората „сопруга“ секс кукла (фото)

Првата сопруга на Јуриј беше секс куклата Маргот со која си размени дури и прстени и правеше раскошна свадба, а сега со новата избраничка Луна беше на меден месец во Софија. На бизарностите во светот им нема крај, зарем не?

bizarniot-bodibilder-jurij-tolochko-na-meden-mesec-vo-bugarija-so-vtorata-sopruga-seks-kukla-foto-01.jpg

Бодибилдерот Јуриј Толочко (36) од Казахстан долго време беше актуелен во медиумите со својата прва „сопруга“, секс куклата Марго, а сега е актуелен со втората „сопруга“, секс куклата Луна, со која иако официјално нема правено свадба, вели дека ја смета за сопруга.

bizarniot-bodibilder-jurij-tolochko-na-meden-mesec-vo-bugarija-so-vtorata-sopruga-seks-kukla-foto-07.jpg

bizarniot-bodibilder-jurij-tolochko-na-meden-mesec-vo-bugarija-so-vtorata-sopruga-seks-kukla-foto-08.jpg

Деновиве на својот Инстаграм профил со 109.000 следбеници тој објавува фотографии од медениот месец во Бугарија.

„Немав шанса да одам на меден месец со Луна сè досега. Пандемијата им ги промени плановите на сите, па кога ми излезе шанса да одам во Бугарија работно, ја земав и Луна за ова да биде наш меден месец.

Беше работно патување, но исто така беше и романтично, па го сметам за меден месец.

Отседнавме во главниот град Софија една седмица и беше прекрасно. Бевме и во неколку ресторани на романтични вечери. Келнерите прво беа изненадени од мојата сопруга, но потоа им беше задоволство да нè гледаат, па дури и нè сликаа.

bizarniot-bodibilder-jurij-tolochko-na-meden-mesec-vo-bugarija-so-vtorata-sopruga-seks-kukla-foto-02.jpg

bizarniot-bodibilder-jurij-tolochko-na-meden-mesec-vo-bugarija-so-vtorata-sopruga-seks-kukla-foto-10.jpg

Сите имаат чудна реакција, но не негативна. Децата особено ја сакаат Луна.

Стилистот кој ѝ ја правеше фризурата на Луна дури ме праша и за нашиот сексуален живот“, изјави Јуриј и додаде дека некои дури барале да ја допрат Луна затоа што никогаш претходно немале видено секс кукла.

bizarniot-bodibilder-jurij-tolochko-na-meden-mesec-vo-bugarija-so-vtorata-sopruga-seks-kukla-foto-09.jpg

Тој додава дека во време на пандемија му се допаѓа што тој и неговата „сакана“ им го подобруваат расположението на луѓето кога ќе ги видат, иако понекогаш се мета на критики на социјалните мрежи. Очекувано...

bizarniot-bodibilder-jurij-tolochko-na-meden-mesec-vo-bugarija-so-vtorata-sopruga-seks-kukla-foto-04.jpg

Инаку, првата сопруга на Јуриј беше секс куклата Марго со која си размени дури и прстени и правеше раскошна свадба. Но, вели дека по Маргот решил да не организира повеќе раскошни свадбени церемонии, но дека смета дека Луна е негова сопруга и ја претставува како таква.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 фото докази дека светот е убав ако ја видиме љубовта околу нас „По 60 години брак тој е со неа, иако таа сега има деменција и не се сеќава на н...
13 фото докази дека некои градови живеат во 2050-та, додека ние во 2022-ра На железничката станица во Шангај на електронска мапа може да видите кои кабини ...
Карпа со форма на слон, виножита насекаде: 20 фото-докази дека Исланд е магична земја Модерните домови во Исланд се изградени со цевки со топла геотермална вода под п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg