Тони отпад, скапи намирници: 18 факти за лошата страна на животот на Малдиви
- Детали
- среда, 01 декември 2021
Малдиви е на прво место по бројот на разводи во светот, затоа што мажите може едноставно да ја кажат својата желба да стават крај на бракот пред сведоци, без воопшто да се појават во суд, и потоа се сметаат за слободни. Државата сака да ја промени оваа пракса, но тешко оди.

Малдиви е рај на Земјата за туриститите. Оваа земја ја посетуваат и многу Македонци.
Совршени плажи, тиркизна боја на морето, корални гребени, палми.... Дефинитивно замисла за совршен одмор.
Но, како е да се живее таму? Со што ќе се соочите во овој тропски рај ако живеете цела година таму?
Факти за животот на Малдиви:
Малдиви од сите страни има вода, но водата за пиење вреди злато, затоа што на островите нема природен извор, за дневните потреби во домаќинствата и ресортите се дестилира вода, а за пиење се купува.

Некои основни продукти може да бидат вистинска реткост затоа што поголем дел од работите се увезени или некогаш ги има малку, па цените им се превисоки, може да биде проблем да обезбедите и наједноставно нешто како отворач за конзерви.

За тие што не сакаат риба и ориз, менито нема да им биде омилена работа – на Малдиви забранети се продукти кои содржат свинско месо, најевтино е да консумирате риба и локално овошје и зеленчук, увезените се многу скапи.

Во домовите има проблем со мравки, лебарки и други инсекти – не смее да се остава храна на отворено бидејќи веднаш напаѓаат.

Изнајмување на куќа на Малдиви може да чини цело богатство, па за еднособен апартман во главниот град Мале да плаќате 880 евра.

Мале е еден од најнаселените градови на светот, навистина е бучен, нешто постојано се гради, а трошоците за сметки се навистина високи на Малдиви.

Некои луѓе живеат на еден остров, а работат на друг, па со фериброд одат на работа, а наутро и попладне знае да биде навистина голема турканица.

До некои острови се оди само со авион и ова задоволство е скапо, а пилот е една од најпрестижните работи таму.

Времето не е секогаш совршено, па најдобар период за патување на Малдиви е од ноември до април – во другиот дел од годината може да има силни ветрови и дожд.

Уште 9 факти на следната страна...
Би можело да ве интересира:
„Живееме на трoпски остров со 100 плажи и 30˚C, но постои мрачна страна - бездомните кучиња“
„На Маурициус практично живееме надвор. И храната е неверојатна. Има многу штанд...
16 трогателни сцени од животот во Мумбаj (кои ежат и допираат до срце)
Деца со боси ноџиња среде монсунска бура, татковци кои од петни жили се борат за...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она...
Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...
Инфекција на градите, нос со некроза: Морничавата вистина зад „живите барбики“
Инфекции по лошо изведени операции, отоци поради филери во непроверени клиники –...
„Се преселив во Дубаи, но што не ми се допаѓа од животот тука?“
Елби Хеншо од Велика Британија открива дека луксузниот град не е само забава и г...
„Лицето ми се деформира од паразит – си ги потрошив сите пари за да најдам лек, ми се уништи животот...
Американска ријалити ѕвезда вели дека „закачила“ паразит во Мароко што ѝ го дефо...