„Се каам што имав афера со женет човек – за празниците сфатив колку грешам“

„Дојде Божиќ и сфатив дека тоа е почеток на крајот. Тогаш ми стана јасно дека овој маж не е мој и не можев да престанам да мислам какво разурнувачко дејство можеше да има нашата афера врз неговото семејство.“

se-kaam-shto-imav-afera-so-zhenet-chovek-za-praznicite-sfativ-kolku-gresham-01.jpg

Ребека Џејн (37) од Англија имала афера со женет човек, но сега се кае за тоа.

Таа отворено ја раскажа својата приказна за магазинот „TheSun“.

Нејзината исповед:

„Ние се сретнавме преку работа и аферата ни започна во ноември 2020 година. Прво беше прекрасно, но потоа кога дојде Божиќ сфатив дека тоа е почеток на крајот.

Тогаш ми стана јасно дека овој маж не е мој и не можев да престанам да мислам какво разурнувачко дејство можеше да има нашата афера врз неговото семејство.

Инаку се имавме запознаено преку работа и бевме добри пријатели неколку години. Неколкупати ми се имаше додворувано, но јас го одбивав. Но, откако минав низ една лоша врска и разделба минатата година, сè се промени.

se-kaam-shto-imav-afera-so-zhenet-chovek-za-praznicite-sfativ-kolku-gresham-02.jpg

Ми кажа дека ме сака од моментот кога ме запознал и во тој миг искрата некако не можевме да ја сопреме.

Постојано бевме на телефон или имавме средби. Не сфаќав колку е погрешно сè додека не дојде празничниот период. Тогаш сфатив колку многу луѓе е можно да повредам.

Не сакав да бидам причината за распад на едно семејство. Продолживме да се гледаме потоа, но никогаш не закрепнав од чувството на вина и ставив крај на приказната во април.

Тој не чувствуваше вина за аферата. Моето раскинување не го поднесе добро.

Кога ќе се вратам назад посакувам да го одбиев уште првиот пат кога ми кажа што чувствува за мене.

Морав да го променам работното место, затоа што повеќе не можевме да работиме заедно.

Празничниот период годинава ми го враќа чувството на вина што направив лани.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ќе се венчам сама со себе по развод и неколку неуспешни врски – си купив и свршенички прстен“ „Кога им кажав на блиските, мислеа дека сум полудела, што беше очекувано. Но, шт...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
„Се преселив во Дубаи, но што не ми се допаѓа од животот тука?“ Елби Хеншо од Велика Британија открива дека луксузниот град не е само забава и г...
„Се разведов по 30 години, ги оставив децата и се преселив на другиот крај од светот – првпат се чув... Штом нејзините деца завршиле средно, Синди од САД сфатила дека е уморна од својо...
„Ќерка ми загина неколку дена пред 3-иот роденден, врз неа падна комода од 30kg – родители бидете по... „Се случи многу брзо и многу тивко. Се случи нешто незамисливо. Вината и срамот ...
Има своја продавница за овошје и е татко на две деца – Херојот кој го ризикуваше својот живот за да ... Човекот кој го ризикуваше својот живот и директно го собори напаѓачот, е 43-годи...

Најчитани неделава