Прослава на Нова година во светот: Дубаи сруши два Гинисови рекорди со спектакуларните огномети (видео)

Дубаи сруши два гинисови рекорди со спектакуларното шоу со дронови, а огномети имаше и во Северна Кореја, Сиднеј, Њујорк, Лондон. Како светот ја дочека 2022-ра година?

proslava-na-nova-godina-vo-svetot-dubai-srushi-dva-ginisovi-rekordi-so-spektakularnite-ognometi-video-01.jpgФото (Скопје): Instagram

Втора година по ред новогодишните празници се слават во сенка на случувањата со светската пандемија, а со огномети во поголемиот број светски престолнини во текот на вчерашниот ден беше дочекана новата 2022-ра година.

Покрај тоа што на многу места прославата беше откажана поради состојбите со коронавирусот, сепак во најголемиот дел од светските метрополи на полноќ имаше шоу со огномети, а Дубаи годинава успеа да сруши два Гинисови рекорди со спектакуларното шоу со огномети.

Околу стотици илјади набљудувачи имаа можност да го гледаат спектакуларното шоу во Рас Ал Каима, кога кулата висока 1.055, 8 m цели 12 минути блескаше благодарение на стотици пиротехнички дронови и се прошири на површина од околу 5 km и го осветли небото над Арапското Море.

Уште еден гинисов рекорд беше срушен кога 452 дронови симултано испукаа огномети ја креираа пораката „Среќна Нова година“.

Во Скопје имаше организиран дочек и на плоштадот „Македонија“, а иако немаше организиран огномет, сепак граѓаните не потфрлија и на полноќ небото над главниот град светна од големиот број пиротехнички средства испалени од страна на граѓаните.

Погледнете како изгледаа огнометите во голем дел од светските метрополи:

Дубаи – Бурџ Калифа 

Дубаи – Рас Ал Каима

Сиднеј

Бразил

Хонг Конг

Северна Кореја

Лондон

Њујорк

Москва

Атина

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
„Се преселив во Дубаи, но што не ми се допаѓа од животот тука?“ Елби Хеншо од Велика Британија открива дека луксузниот град не е само забава и г...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...

Најчитани неделава