За 6 месеци изгубил 41 kg, мислеле дека има рак - Неверојатната трансформација на поранешен директор на ЦИА (фото)

Поранешниот американски државен секретар и поранешен директор на ЦИА Мајк Помпео направил драстични промени во својот животен стил откако последен пат ја напуштил функцијата во 2021 година.

Neverojatna-transformacija-na-Majk-Pompeo-01.jpg

Политичарот Мајк Помпео ослабел неверојатен 41 килограм во последните шест месеци. Како што самиот изјавил, пресуден момент за промената била бројката на вагата која покажала 136 килограми.

Поранешниот директор на ЦИА Мајк Помпео отворено зборува на темата слабеење, иако признава дека таа го плаши бидејќи може повторно да се здебели.

Неговата приказна започнува како и милиони други ширум светот. На 14 јуни 2021 година стапнал на вага, а бројката го шокирала.

Следното утро тој ѝ рекол на сопругата: „Денес е тој ден“ и така започнало неговото патување кон поздрав начин на живот.

„Вистина е дека цел живот имав проблеми со слабеењето. Најважно ми е да го правам тоа правилно и да бидам дисциплиниран“, изјавил Помпео.

Neverojatna-transformacija-na-Majk-Pompeo (3).jpg

Тој се откажал од хамбургерите, јаглехидратите и слатките кои постојано му биле на работната маса покрај компјутерот додека работел.

И покрај промената на исхраната, тој ја задржал семејната традиција на повремено јадење во ресторани, но сега повеќе нарачува здрава храна наместо американски палачинки со сируп.

„Сè уште посетуваме ресторани и важно е да се задржат некои традиции, но сега порачуваме белки и мисиркина сланина“, изјавил поранешниот американски државен секретар.

„Нашето семејство секогаш се собира за храна. Доаѓаме од Италија, така што на нашите трпези секогаш имаме тестенини, леб, сирење и десерти.

Ќе продолжиме да уживаме во овие обилни оброци, освен што сега јас ќе јадам само салата“, се пошегува тој.

Neverojatna-transformacija-na-Majk-Pompeo (4).jpg

Неговата физичка трансформација, сепак, не остана незабележана на социјалните мрежи, каде се појавија многу коментари, од кои многу, за жал, не беа пофалби.

„Коментарите беа многу груби или едноставно неточни. Тие зборуваа дека имам рак. Никој не ми се јави и не ме праша што навистина ми се случува“.

Neverojatna-transformacija-na-Majk-Pompeo (1).jpg

Поранешниот американски државен секретар сака неговата приказна да поттикне некој друг да започне да води поздрав начин на живот:

„Тешко е и не е трајно. Немам гаранција дека ќе ја задржам оваа тежина, но ако сме свесни дека се случуваат добри работи и ако инсистирате на нив, секој може да го направи тоа“.

Neverojatna-transformacija-na-Majk-Pompeo (2).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...
16 трогателни сцени од животот во Мумбаj (кои ежат и допираат до срце) Деца со боси ноџиња среде монсунска бура, татковци кои од петни жили се борат за...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Можни причини зошто Меланија останува со Доналд Трамп (иако некогаш изгледа како да го мрази) Меланија знае како е да се почне од нула, па веројатно не сака да си ја загрозув...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...

Најчитани неделава