Приказната што го разнежни светот: Тинејџери спасиле новороденче оставено да мрзне на автопат на -9 степени во Сибир

Пет тинејџери од Сибир на Божиќ во кутија нашле напуштено новороденче на минус 9 степени, кое било фрлено покрај прометниот пат во Новосибирск. Додека властите трагаат по родителите на девојчето, едно од семејствата на тинејџерите сака да го посвои бебето.

bozhikjno-chudo-tinejdjeri-spasile-novorodenche-ostaveno-golo-vo-kutija-na-9-stepeni-pred-da-nastrada-01.jpg

За време на православниот Божиќ во Новосибирск во малото селце Сосновка се случило вистинско чудо.

Пет момчиња нашле напуштено новородено бебе и успеале да го спасат пред тоа воопшто и да доживее какви било последици од температурите што тој ден се спуштиле и до минус 9 степени Целзиусови.

bozhikjno-chudo-tinejdjeri-spasile-novorodenche-ostaveno-golo-vo-kutija-na-9-stepeni-pred-da-nastrada-02.jpg

Како што пренесува „Космолскаја правда“, петте тинејџери излегле на прошетка вечерта на 7-ми јануари и се движеле на оддалеченост од еден километар надвор од селото кон автопатот.

„Се шетавме и забележавме кутија оставена крај патот. Кога се доближивме, слушнавме цимолење. Прво мислевме дека се кученца во кутија“ – раскажува 16-годишниот Ренат Литвинов, кој бил меѓу тинејџерите што го нашле бебето.

bozhikjno-chudo-tinejdjeri-spasile-novorodenche-ostaveno-golo-vo-kutija-na-9-stepeni-pred-da-nastrada-04.jpg

Со блиц од мобилниот телефон тинејџерите ја осветлиле кутијата и биле вџашени од призорот што го виделе:

„Имаше мало новородено девојче внатре! Лежеше како мала кукла. Немаше ниту облека на неа: само беше завиткана во крпа и веднаш до неа беше некое шише со некаква мешавина.

Неколку секунди не знаевме што да направиме, каде да одиме“ – вели тој и раскажува како прво се обиделе да сопрат некој од автомобилите што биле на поминување, но откако не успеале, се јавиле на неговиот татко.

bozhikjno-chudo-tinejdjeri-spasile-novorodenche-ostaveno-golo-vo-kutija-na-9-stepeni-pred-da-nastrada-05.jpg

„Јас и сопругата дојдовме веднаш, го земавме девојчето и отидовме во болница. Секако, сите беа шокирани со тоа што се случи. Докторите рекоа дека детето е добро. Излезе дека син ми и пријателите успеале да ја тргнат од патот пред да добие хипотермија“ – вели таткото на Ренат.

За среќа, како што соопштуваат руските медиуми бебето е во добра здравствена состојба и сè уште е во болница каде му се следи состојбата. Мајката на Ренат веќе го посетила девојчето.

prikaznata-shto-go-raznezhni-svetot-tinejdjeri-spasile-novorodenche-ostaveno-da-mrzne-na-avtopat-na-9-stepeni-06.jpgРенат со пријателите кои го нашле девојчето

Засега не се знае кои се родителите на девојчето и зошто го напуштиле на таков суров начин, но родителите на Ренат сакаат да го посвојат.

Според нивните информации, бебето не е од нивното село, а голема е веројатноста некој со автомобил да го оставил покрај автопатот.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Напуштено бебе во Индија било спасено, откако кученца го топлеле цела ноќ Во студена декемвриска ноќ кученца грееле напуштено бебе и му помогнале да прежи...
На 12 години зеленоокото девојче стана икона на Авганистан на насловната на „National Geographic“ - ... Каков живот водеше девојчето со продорни очи кое стана симбол на борбата на Авга...
Вилијам и Кејт со нова семејна фотографија за Божиќ – децата ја посетија земјата каде растела нивнат... Трите деца на Вилијам и Кејт ја посетија земјата каде што живеела нивната мајка ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg