Најсилна ерупција во последните 30 години – природната катастрофа што ја погоди Тонга низ морничави фотографии и видеа

Ерупцијата на подводниот вулкан во близина на островската држава Тонга се верува дека е најсилна во последните 30 години, а фотографиите и видеата од очевидците одлично ја прикажуваат страшната катастрофа.

najsilna-erupcija-vo-poslednite-30-godini-prirodnata-katastrofa-shto-ja-pogodi-tonga-niz-mornichavi-fotografii-i-videa-01.jpg

Во саботата, (15.01) во близина на Тонга еруптираше подводен вулкан, а според експертите ова е можеби најголемата ерупција на планетата во последниве 30 години.

Тонга е независна држава во Океанија што ја сочинуваат над 170 острови на кои живеат околу 100.000 луѓе.

Вулканот што еруптираше – Hunga-Tonga-Hunga-Ha’apai – се наоѓа на 30-тина километри од еден од островите на државата. Горниот дел на вулканот, односно околу 100 метри, се видливи над водата.

najsilna-erupcija-vo-poslednite-30-godini-prirodnata-katastrofa-shto-ja-pogodi-tonga-niz-mornichavi-fotografii-i-videa-05.jpg

Според експертите, вулканот често еруптирал во изминатите неколку децении, но ништо не се споредува со последната ерупција која предизвика и цунами.

najsilna-erupcija-vo-poslednite-30-godini-prirodnata-katastrofa-shto-ja-pogodi-tonga-niz-mornichavi-fotografii-i-videa-7.jpg

Брановите високи и по 1,2 метри го погодија најголемиот остров на Тонга – Тонгатапу – предизвикувајќи поплави и огромни штети.

Како последица од ерупцијата, биле забележани и огромни бранови во други земји, како САД, Перу, Нов Зеланд и Јапонија.

Покрај поплавите, голем проблем се и чадот и пепелта од вулканот кои за време на викендот ги прекри островите на Тонга.

Покрај загаденоста на воздухот, чадот може да ја загади и водата за пиење во Тонга.

najsilna-erupcija-vo-poslednite-30-godini-prirodnata-katastrofa-shto-ja-pogodi-tonga-niz-mornichavi-fotografii-i-videa-03.jpg

Засега се регистрирани и две жртви од цунамито.

Деновиве се појавија сателитски снимки на кои се гледа мигот кога еруптирал вулканот, но дефинитивно позастрашувачки се фотографиите и снимките од очевидците што се споделуваат на Твитер.

Дел од морничавите фотки и видеа што кружат на социјалните мрежи:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„На 15 години ме праќаа во хотели за топлес да ме сликаат мажи“ - Манекенка за темната страна на про... „Понекогаш среќавав убаво облечени мажи во нивните канцеларии, а понекогаша сред...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Морничави видеа: Огромна дупка се отвори на автопат во Бангкок – „проголта“ автомобили и бандери Дупка со ширина од 30 метри и длабочина од 50 метри се формира на автопат во Бан...
Сингапурецот кој изгледа како 20-годишен дечко наполни 60 години – кои се неговите тајни за младолик... Со години сите се прашуваат како е можно овој Сингапурец да изгледа како 20-годи...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
На 9 години беше „најубаво девојче на светот“, мајка ѝ ја сексуализираше – Кристина Пименова (20) и ... Мајка ѝ тогаш беше обвинета дека ја сексуализира и објавува провокативни пози од...

Најчитани неделава