Украинка (30) гордо ја носи седата коса долга 1,5 метри: „Ја мијам еднаш неделно, некогаш не ја чешлам со недели“ (фото)
- Детали
- сабота, 22 јануари 2022
Ана има 30 години и коса која почнала да ѝ побелува на само 13-годишна возраст. Додека порано се срамела од ова, сега гордо ја носи косата чија должина достигнува дури 1,5 метри и се надева дека ќе ги инспирира жените да ја прифатат нивната бела коса, без разлика на нивната возраст.
Иако побелувањето на косата е нормален дел од животот, на жените, особено ако се помлади, некогаш им е тешко да се соочат со оваа промена. Но, сè повеќе жени не само што ја прифаќаат седата коса, туку гордо ја носат и докажуваат дека можат да изгледаат одлично, ако не и подобро и со седи влакна.
Одличен пример за ова е 30-годишната Ана Шепард од Унгарија која всушност стана препознатлива по долгата седа коса.
Косата на Ана е долга околу 1,5 метри и има сива нијанса. Таа вели дека првите седи влакна ги забележала на само 13-годишна возраст.
На почетокот ѝ било тешко да го прифати ова, најмногу бидејќи била мета на шеги и критики од страна на соучениците.
Но, на 14-годишна возраст Ана сфатила дека нема потреба да се срами од својата седа коса, а за да покаже дека вистински ја сака, решила да ја порасне многу долга. Па, од 14-годишна возраст, таа речиси и да ја нема скратено нејзината коса.
Иако изгледа прекрасно, факт е дека грижата за толку долга коса не е воопшто лесна. Ана вели дека ја мие косата само одеднаш неделно, а бидејќи има локни, не ја чешла многу често.
Додека порано била исмејувана за седата коса, сега Ана е популарна токму поради неа и може да се пофали со над 16.000 Инстаграм следбеници. Таа редовно споделува бајковити фотографии, најчесто носејќи традиционална и винтиџ облека.
Ана се надева дека со нејзините фотографии ќе ги натера жените да сфатат дека се прекрасни и со седа коса и дека нема потреба да ја кријат со фарби.
„Ја молев мајка ми да ми даде да се офарбам кога почна да ми побелува косата. Бев тажна и бев загрижена дека ќе изгледам старо.
Постојано имав ниска самодоверба. Луѓето зјапаа во моите бели прамени и дофрлаа коментари. Се сеќавам, еднаш едно момче ме нарече Круела и навистина ме повреди.
Но, со текот на времето научив да ја сакам мојата бела коса и таа стана дел од мене“.
Девојката вели дека добива многу поддршка од онлајн заедницата, но и дека одвреме-навреме добива по некој непристоен коментар од машките следбеници.
„Порано бев исмејувана за косата, но сега добивам само комплименти. Почестена сум кога некоја жена ќе ми каже дека собрала храброст да ја покаже седата коса поради мене.
Дефинитивно има стигма за младите жени со седа коса и јас би сакала да помогнам да го промениме тоа“.
Ана е фармер и живее со нејзиното момче, а вели дека кога имаат многу работа на фармата, ја собира косата и се случува да не ја исчешла и повеќе од две недели.
Истовремено, таа не користи никакви посебни третмани.
„Ја мијам косата само еднаш неделно бидејќи така ми изгледа најдобро. Не нанесувам ништо на косата, освен малку масло откако ќе ја измијам.
Искрено, навистина е лесно да имате долга коса на фарма бидејќи нема потреба секој ден да правите фризури и можете само да ја соберете во пунџа“.
Повеќе фотки од Ана на следната страница...
Би можело да ве интересира:


