Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Девојка дошла бремена на Тиндер љубовен состанок – дечкото бил со неа на породување, го прифатил детето како свое

Алиса и Макс од Австралија биле на само три состаноци и се подготвувале за четвртиот, кога бремената Алиса почнала да чувствува болки и сфатила дека ќе се породи. На нејзиното големо изненадување, Макс ѝ помогнал да стигне до болницата и бил нејзината најголема поддршка.

avstralijanec-25-pomognal-na-devojka-20-da-se-porodi-po-samo-3-sostanoci-se-zapoznale-na-tinder-ushte-se-zaedno-01.jpg

На својот ТикТок профил, Алиса Хоџес од Австралија ја сподели интересната приказна од нејзиното породување и видеото веќе има над 1,3 милиони прегледи.

Во видеото објавено на почетокот од месецот, Алиса (20) открива дека со Макс Силви (25) се запознале на Тиндер и биле на три состаноци.

Пред четвртиот состанок, Макс бил на деловно патување, па Алиса требало да го земе од аеродромот. Но, пред да тргне, почнала да чувствува болки и сфатила дека наскоро ќе се породи.

@alyssa_jane01 Reply to @tiktokwontstop123 My tinder date was at my birth! ? #storytime #birthstory #pregnant #postpartum #birth #mumsoftiktok #motherhood #babies ♬ original sound - Lys

Макс веднаш нашол друг превоз до дома и потоа се упатил кон Алиса за да ѝ помогне да стигне до болницата. А, младото момче не само што ја однело, туку останало со девојката додека да ја пуштат од болница.

„Бев малку нервозна бидејќи бев сама и бев загрижена бидејќи да, ми требаше неговата поддршка, но се прашував што ако раскинеме за само една недела?

Се имавме видено само трипати. Не се познававме добро. Тогаш ни родителите не знаеја за нас. Но, на крај дојде со мене и всушност ми беше најголемата поддршка“, вели девојката.

avstralijanec-25-pomognal-na-devojka-20-da-se-porodi-po-samo-3-sostanoci-se-zapoznale-na-tinder-ushte-se-zaedno-05.jpg

Алис открива дека штом лекарите ја прегледале, утврдиле дека уште е рано за породување, па ја испратиле дома. Тогаш Макс дошол кај неа и останал да ѝ помага цела недела, односно додека да дојде време за породување.

„Цела недела бев кај неа и ја носев во болница кога имаше потреба од тоа“, открива младото момче.

Откако Алис се породила, Макс бил покрај неа неколку денови додека да ја пуштат од болница. Лекарите мислеле дека тој е таткото и често му се обраќале така, а според Алис, тој воопшто не се противел на тоа.

„Воопшто не се налути кога го нарекуваа татко. Едноставно, го прифати тоа“, вели девојката.

avstralijanec-25-pomognal-na-devojka-20-da-se-porodi-po-samo-3-sostanoci-se-zapoznale-na-tinder-ushte-se-zaedno-04.jpg

Слатката и необична љубовна приказна привлекла многу внимание во Австралија, па парот бил интервјуиран од популарен локален медиум.

„Знаевме дека си се допаѓаме и знаевме дека имаме силни чувства еден кон друг. Но, моето породување како да нè поврза повеќе. Сега кога помислувам на тоа, навистина сум среќна што тој беше покрај мене“, вели Алис.

avstralijanec-25-pomognal-na-devojka-20-da-se-porodi-po-samo-3-sostanoci-se-zapoznale-na-tinder-ushte-se-zaedno-03.jpg

Алис открива и дека кога го направил профилот на Тиндер била во седмиот месец од бременоста. На својот профил таа и го нагласила ова.

„Не сакав да лажам, па бев отворена и искрена“.

avstralijanec-25-pomognal-na-devojka-20-da-se-porodi-po-samo-3-sostanoci-se-zapoznale-na-tinder-ushte-se-zaedno-06.jpg

Макс, пак, вели дека штом ѝ го погледнал профилот, сфатил дека Алис е посебна девојка.

„Обично не би се впуштил во врска со бремена девојка, но имаше нешто посебно кај Алис“.

avstralijanec-25-pomognal-na-devojka-20-da-se-porodi-po-samo-3-sostanoci-se-zapoznale-na-tinder-ushte-se-zaedno-02.jpg

Парот уште е заедно и Макс ѝ помага на Алис во грижата за синчето. Тие планираат и наскоро да се вселат заедно. Не е познато кога точно се породила Алис, ниту кога се запознале со Макс, но најважното е дека и двајцата се пресреќни. 

„Мислам дека тоа што Макс беше присутен на породувањето ја зајакна и неговата врска со мојот син. Макс веќе е многу важна личност во неговиот живот, но уште подобро е што беше присутен на денот кога се роди“, вели Алис.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
Бебе се роди во авион среде лет кон Брисел: „Со жена ми бевме на тој лет – секоја чест за тимот“ „Беше посебен момент кога екипажот рече – имаме нов патник на летот“ - Кратко по...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Јас сум му вујко на мојот син - донирав сперма за сестра ми да добие бебе“ Млад Британец го споделува своето искуство за тоа како донирал сперма за неговат...
„Бев шпион и спиев со мажи за да изнудам информации од нив – среќна сум што побегнав од тој живот“ „Кога ги гледав другите жени шпиони на возраст од 50-тина години, беа мизерни и ...
Кои националности се најдобри, а кои најлоши во кревет според жена од Канада, која сака да спие со м... Досега имала искуство со мажи од Израел, Хаити, Норвешка, Никарагва, Швајцарија,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg