Тажна реалност: Новородени бебиња преместени во засолниште, додека траат бомбардирањата во Украина (видео)

„Новороденчињата на кои им е потребна интензивна нега се преместени во импровизирано засолниште од бомби“ – ова е видеото што масовно се шири од украинскиот град Днипро кој е еден од најпогодените во руската инвазија.

novorodeni-bebinja-premesteni-vo-zasolnishte-dodeka-traat-bombardiranjata-vo-ukraina-videa-od-najpogodenite-oblasti-01.jpg

На социјалните мрежи вирално се шири видеото од новородените бебиња кои од одделот за интензивна нега во детската болница во Днипро биле пренесени во засолниште за време на бомбардирањата.

Видеото било снимено од страна на медицинските лица кои морале да се засолнат во подземните делови во болницата. На видеото може да се видат над 10-тина бебиња завиткани во ќебиња.

И во најтешките мигови медицинските сестри се посветени на грижата за бебињата.

„Ова е одделот за неонатална интензивна нега во засолниште од бомби. Можете да замислите? Ова е нашата реалност“ – вели д-р Денис Сурков, директор на неонаталното одделение при Детската клиника во днипропетровската област за New York Times.

Инаку, Днипро е една од најпогодените области во Украина што беа меѓу првите што беа нападнати од страна на Русија.

На социјалните мрежи се споделуваат и други видеа од граѓаните кои се засолнуваат од бомбардирањата во Днипро.

Погледнете дел од нив:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Застрашувачка сцена: Огромна лавина се движи кон скијачи во ски-центар во Италија (видео) На драматична снимка се гледа како се формира снежна лавина во ски центар во Ита...
„Живееме на трoпски остров со 100 плажи и 30˚C, но постои мрачна страна - бездомните кучиња“ „На Маурициус практично живееме надвор. И храната е неверојатна. Има многу штанд...
„Доста ги фалите!“ - Мрачната страна на Швајцарците - шетаат излитени, дома им е хаос и се скржавци „Одaт по улица излитени, чудно облечени, децата им се секогаш со нос што тече и ...
Млад јутјубер (22) загина во Индија додека снимаше видео во брза река: Зошто младите одат до екстрем... По трагичната смрт на 22-годишен јутјубер од Индија, повторно се отвора дебатата...
Има 11 сопруги, троши милиони, а неговиот народ гладува: Кој е африканскиот крал што се споделува ви... Кралот на Свазиленд има 11 сопруги и над 20 деца, а честопати е критикуван дека ...
Убави вести од земјите ширум светот што можеби сте ги пропуштиле Бројот на заболени од рак на грлото на матката во Австралија значително се намал...

Најчитани неделава