„Го оставивме тато во Киев, може ќе треба да се бори“ – детенце од Украина низ солзи зборува за бегањето од војната (видео)

„Го оставивме тато во Киев. Ќе продава работи и ќе им помага на нашите херои. Mожеби дури и ќе се бори“, вели малото детенце низ солзи додека со семејството се обидуваат да избегаат на безбедно.

go-ostavivme-tato-vo-kiev-mozhe-kje-treba-da-se-bori-detence-od-ukraina-niz-solzi-zboruva-za-beganjeto-od-vojnata-video-01.jpg

Голем број семејства во Украина се разделени. Додека жените и децата бараат засолниште, мажите остануваат да се борат и да помогнат како знаат и можат.

Досега видовме премногу трогателни видеа и фотографии од тажните мигови кога татковците, синовите и сопрузите се збогуваат со нивните семејства не знаејќи дали повторно ќе ги видат своите сакани.

А, секој ден се појавуваат и нови вакви видеа и фотографии кои само нè потсетуваат колку се ужасни војните.

За жал, децата страдаат многу бидејќи не можат ни да сфатат зошто нивните татковци остануваат и си го ризикуваат животот.

Неодамна, The Guardian сподели срцепарателно видео од детенце кое како многу останати морало да се збогува со неговиот татко.

go-ostavivme-tato-vo-kiev-mozhe-kje-treba-da-se-bori-detence-od-ukraina-niz-solzi-zboruva-za-beganjeto-od-vojnata-video-02.jpg

Детенцето е во автомобил и, како што открива самото, со семејството пешачеле со часови откако го напуштиле Киев оставајќи го неговиот татко таму.

Низ солзи, малото дете открива дека се плашело дека ќе мораат да пешачат со денови, но за среќа некој им помогнал.

„Го оставивме тато во Киев. И тато ќе продава работи и ќе им помага на нашите херои, нашата армија. Можеби дури и ќе се бори.

Пешачевме околу три часа и вие нè спасивте. Мислев дека ќе пешачиме два или три дена. Мислев дека ќе одиме цел ден, но вие ни помогнавте“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Зависна сум од солариум – ми се појавија чудни израстоци на кожата, но сепак одам секој ден“ Млада Британка за себе вели дека е зависна од солариум и оди секој ден по 30 мин...
„Ги отпишавме децата од училиште за да патуваме низ светот – нè критикуваат, но овој начин на живот ... Пар од САД одлучил да го прекине формалното образование на своите деца за време ...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
„Луѓе ми плаќаат 5.000€ да се појавам на нивниот погреб за да откријам мрачни тајни или да пренесам ... „Во името на една старица пред ужалените кажав дека таа не му е мајка на нејзини...
„Живеам од социјална помош бидејќи ми е стресно да работам – си купив куќа и ги зголемив градите, не... Жена од Англија 23 години живее од социјална помош бидејќи, како што вели, полес...
„Продадовме сè за да патуваме низ светот и се вративме дома за 6 месеци – реалноста е поразлична од ... „Седиме на убава плажа, но јас морам да се вклучам на состанок. Одиме на кафе во...

Најчитани неделава