Војна, глад, бесмртност – што предвидел Нострадамус за 2022 година?

Пред да почнете да ги читате пророштвата, запомнете дека тие биле пишувани во стихови и никој не може да биде 100% сигурен дека го открил нивното значење. Во продолжение погледнете кои настани се смета дека се поврзуваат за 2022 година.

vojna-glad-besmrtnost-tolkuvachite-tvrdat-deka-nostradamus-ova-go-predvidel-za-2022-godina-01.jpg

За време на секоја поголема криза во светот, луѓето често се навраќаат на пророштвата на најпознатиот пророк од 16-иот век Нострадамус и се обидуваат во неговите загадочни стихови да ги откријат претскажувањата за тоа што ни се случува.

Се вели дека францускиот пророк го предвидел големиот пожар во Лондон од 1666-та година, како и доаѓањето на власт на Хитлер, за кого предвидел дека ќе дојде од народот и со моќта на говорот ќе заведе голема маса на народ.

Освен тоа, оние што ги проучуваат неговите толкувања тврдат дека во загадочните стихови на Нострадамус може да се најдат предвидувања и за атомските бомби фрлени врз Хирошима и Нагасаки, како и за атентатот врз американскиот претседател Џон Кенеди.

Но, што се предвидувањата за 2022?

vojna-glad-besmrtnost-tolkuvachite-tvrdat-deka-nostradamus-ova-go-predvidel-za-2022-godina-03.jpg

Додека целото внимание во светот е свртено кон случувањата во Украина, повторно почнуваат да се појавуваат написи кои велат дека Нострадамус ја предвидел војната, а голем број луѓе се свртуваат кон познатата книга на Нострадамус од 1555-та година позната како „Пророштва“.

Нострадамус кој бил поканет од страна на Катерина де Медичи на францускиот двор за да ги прави наталните карти на нејзините деца, во 1547-ма година почнал да ги пишува своите пророштва во катрени (строфи од по четири стиха) со задолжителна рима, а во книгата тие се поделени во делови од по 100 стиха наречени „век“.

vojna-glad-besmrtnost-tolkuvachite-tvrdat-deka-nostradamus-ova-go-predvidel-za-2022-godina-04.jpg

Тој уште додека бил жив бил озлогласен затоа што сметале дека неговите пророштва секогаш се остваруваат.

Погледнете во продолжение што предвидел францускиот пророк за 2022-ра година, но мора да имате на ум дека неговите пишувања честопати се конфузни, па речиси никогаш никој точно не можел да утврди што тој сакал да каже.

vojna-glad-besmrtnost-tolkuvachite-tvrdat-deka-nostradamus-ova-go-predvidel-za-2022-godina-05.jpg

Најчесто неговите пророштва се врзуваат за одредени големи настани откако ќе се случат, но и тоа најчесто се зема со резерва и речиси секогаш сѐ се сведува на претпоставки.

Трета светска војна

Според пророштвата на Нострадамус, Франција најверојатно ќе биде погодена со опасност од исток, по што ќе следи долга и масивна војна со траење од 25 до 29 години, која ќе биде проследена со повеќе помали војни.

Францускиот пророк вели дека по ова ќе дојде добата на „Сатурн“ односно период од 1000-годишен мир.

vojna-glad-besmrtnost-tolkuvachite-tvrdat-deka-nostradamus-ova-go-predvidel-za-2022-godina-07.jpg

Удар од астероид 

Ударот од астероид ќе предизвика масовна смрт. Според него небесен пламен ќе падне од небото, а оние што ги толкуваат неговите пророштва сметаат дека тој предвидел дека Земјата ќе биде погодена од повеќе астероиди што ќе предизвикаат пожари и уништувања.

Да се потсетиме дека во повеќе наврати Земјата имаше „блиска средба“ со астероиди со големина на автобус, а во 2013-та година светот остана во шок кога на 15-ти февруари Чељабинск во Русија беше погоден од огромен метеор.

Глобално затоплување

По сè изгледа уште во 1555-та година Нострадамус предвидел дека Земјата ќе се затопли толку многу што рибите ќе излегуваат сварени од морето.

Според него, луѓето нема да видат дожд цели 40 години, а кога конечно ќе заврне, ќе следат поплави што ќе уништат цели нации.

За потсетување Обединетите Нации веќе предупредија дека Земјата ќе се затопли за 1,5 степени во следните 20 години, односно една деценија порано од претходните предвидувања.

vojna-glad-besmrtnost-tolkuvachite-tvrdat-deka-nostradamus-ova-go-predvidel-za-2022-godina-08.jpg

Пад на економијата и глад

Нострадамус предвидел дека поради растот на цените и зголемената инфлација луѓето ќе почнат да гладуваат.

Како што вели, луѓето ќе плаќаат за тоа што не научиле од минатите грешки, а цените само повеќе ќе растат и ќе предизвикаат глобален глад.

vojna-glad-besmrtnost-tolkuvachite-tvrdat-deka-nostradamus-ova-go-predvidel-za-2022-godina-09.jpg

Развој на вештачката интелигенција

Развојот на вештачката интелигенција е честа тема во последните 20-тина години, а францускиот пророк за ова говорел уште во 1555-та година.

Неговите толкувачи тврдат дека во едно од своите пророштва тој вели дека луѓето ќе станат бесмртни благодарение на вештачката интелигенција.

vojna-glad-besmrtnost-tolkuvachite-tvrdat-deka-nostradamus-ova-go-predvidel-za-2022-godina-10.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„На 15 години ме праќаа во хотели за топлес да ме сликаат мажи“ - Манекенка за темната страна на про... „Понекогаш среќавав убаво облечени мажи во нивните канцеларии, а понекогаша сред...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...
Сингапурецот кој изгледа како 20-годишен дечко наполни 60 години – кои се неговите тајни за младолик... Со години сите се прашуваат како е можно овој Сингапурец да изгледа како 20-годи...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
„Си ги отстранив градите со операција бидејќи мразев како изгледаат – уште се чувствувам како жена“ Млада Американка си ги отстранила двете дојки не бидејќи има рак или бидејќи сак...

Најчитани неделава