Видеа и фотографии кои лажно се шират како сцени од Украина - всушност се извадоци од филмови и стари настани

Ситуацијата во Украина е главна тема деновиве, а на социјалните мрежи масовно се споделуваат видеа и фотографии што го прикажуваат теророт на војната - некои од нив се реални, а некои од нив лажно се користат. 

videa-i-fotografii-koi-lazhno-se-shirat-kako-sceni-od-ukraina-vsushnost-se-izvadoci-od-filmovi-i-stari-nastani-01.jpg

ТикТок, Твитер, Инстаграм се социјалните мрежи каде масовно се споделуваат фотографии и видеа што наводно треба да го покажат хоророт во Украина.

Меѓу големиот број видеа од дописници што се на местото на настанот и реално ја прикажуваат ситуацијата, има и такви видеа и фотографии што се лажни.

Едно од видеата што почна да се појавува уште на првиот ден од руската инвазија е видеото на кое се гледа како војниците се простуваат од своите сакани.

Голем број од корисниците на Твитер го споделија видеото до кое напишаа наслови од типот: „Проклета војна“, „Никој не сака да биде херој“ и сл.

Сепак, подоцна е утврдено дека ова конкретно видео е земено од украинскиот филм The War of Chimeras, објавен во 2017-та година.

videa-i-fotografii-koi-lazhno-se-shirat-kako-sceni-od-ukraina-vsushnost-se-izvadoci-od-filmovi-i-stari-nastani-02.jpg

Меѓу фотографиите што масовно се споделуваат на социјалните мрежи се и фотографиите од украинскиот претседател Володимир Зеленски кој се придружи во воените дејствија. Сепак, овие фотографии се направени во април 2021-ва година.

Истите фотографии биле објавени на 8-ми април во 2021-ва година во напис на Kyiv Post.

На Фејсбук се споделува и 

/" target="_blank" rel="noopener noreferrer" style="background-color: initial;">видео што треба да ги прикаже воените дејствија од Украина, а всушност по детално истражување може да се утврди дека истото е од Сирија и било објавено во јануари годинава.

Имаше и видео на кое наводно се гледа воздушниот напад врз Киев, за подоцна да се утврди дека станува збор за видео што било направено за време на парада на авиони од 2020-та година.

Уште едно видео што масовно се споделува е од украински авион што наводно руши руски пилот. За ова видео проверувачите на факти утврдиле дека е од видео-играта Digital Combat Simulator World.

Сепак, покрај многуте лажни видеа и фотографии, постојат и вистински кои реално прикажуваат сцени од Украина деновиве. 

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Застрашувачка сцена: Огромна лавина се движи кон скијачи во ски-центар во Италија (видео) На драматична снимка се гледа како се формира снежна лавина во ски центар во Ита...
Абортирала поради него, ја терал да спие со Ерос Рамацоти за да направи еротски фотки - Бурната љубо... Поранешниот сопруг, познат и како „крал на папараците“ во Италија, продавал нејз...
„Јас сум експерт за интимни односи и сум спиела со повеќе од 400 клиенти - Како изгледа мојата работ... „Мојот прв клиент беше неверојатна личност која цел живот се чувствувала многу с...
Можни причини зошто Меланија останува со Доналд Трамп (иако некогаш изгледа како да го мрази) Меланија знае како е да се почне од нула, па веројатно не сака да си ја загрозув...
Сингапурецот кој изгледа како 20-годишен дечко наполни 60 години – кои се неговите тајни за младолик... Со години сите се прашуваат како е можно овој Сингапурец да изгледа како 20-годи...
Принцот Ендру е уапсен на неговиот 66-ти роденден поради случајот со Џефри Епстин - наводно издавал ... Денес (19.02) братот на кралот Чарлс беше уапсен поради сомнеж за злоупотреба на...

Најчитани неделава