Мало девојче го трогна светот пеејќи ја Let It Go во подземно засолниште во Киев: „Ни мажите не ги криеја солзите“ (видео)

Мало девојче го остави светот без зборови со емотивната изведба на песната Let it Go од подземно засолниште во Украина. Видеото го споделија и авторката на песната и пејачката што ја изведуваше за анимираниот филм Frozen.

malo-devojche-go-trogna-svetot-so-izvedbata-na-let-it-go-od-podzemno-zasolnishte-vo-kiev-ni-mazhite-ne-gi-krieja-solzite-video-01.jpg

Мало девојче од Украина го трогна светот со нејзината изведба на популарната песна од анимираниот филм Frozen во подземно засолниште во Киев.

Видеото првпат беше објавено на 3-ти март од Марта Смекова, жена која била во засолништето со девојчето, а викендов стана вирално и уште активно се споделува на сите социјални мрежи.

Во описот, жената вели дека ги гледала децата како пробуваат да се забавуваат и да си го исполнат времето во засолништето со активности како цртање, кога почнала да разговара со девојчето кое ѝ рекло дека многу сака да пее.

malo-devojche-go-trogna-svetot-so-izvedbata-na-let-it-go-od-podzemno-zasolnishte-vo-kiev-ni-mazhite-ne-gi-krieja-solzite-video-02.jpg

Тогаш таа ѝ предложила да запее за сите во засолништето и иако девојчето се двоумело, сепак се согласило.

„Од првиот стих, во засолништето имаше комплетна тишина. Сите престанаа со она што го работеа и го слушаа девојчето кое зрачеше. Дури ни мажите не можеа да ги скријат солзите.

Го направив видеото со дозвола од мајката и ветив дека ќе го видат многу луѓе!“, вели Марта во описот.

Емотивното видео се прошири толку многу, што допре и до авторката на песната Let it Go која го сподели на нејзиниот Твитер профил.

„Драго мало девојче со прекрасен глас, јас и сопругот ја напишавме ова песна како дел од приказна за семејство кое закрепнува од болката. Начинот на којшто ја пееш е како магичен трик кој ја шири светлината во твоето срце и им помага да закрепнат на сите кои те слушаат. Продолжи да пееш! Ние те слушаме!“, стои во описот.

Видеото беше споделено и од пејачката што ја изведуваше песната за анимираниот филм – Идина Мензел - со опис: 

„Те гледаме. Навистина те гледаме“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вознемирувачки сцени: 12 фото-докази од Скопје и светот, во какво лудо време живееме Светот како пред очи да ни оди во неповрат, а ние навистина живееме во лудо врем...
Застрашувачка сцена: Огромна лавина се движи кон скијачи во ски-центар во Италија (видео) На драматична снимка се гледа како се формира снежна лавина во ски центар во Ита...
Порано се срамела, сега гордо го покажува – Девојката со најширок јазик во светот Во детството ја исмејувале и луѓето постојано ѝ коментирале за широкиот јазик, п...
„Се разведов по 30 години, ги оставив децата и се преселив на другиот крај од светот – првпат се чув... Штом нејзините деца завршиле средно, Синди од САД сфатила дека е уморна од својо...
„Син ми тежи 14kg на 6 месеци – ме критикуваат дека му давам премногу храна, не го собира во количка... Кога жена го родила своето четврто бебе, тоа имало просечна тежина од околу 3,2 ...
Татко го фрла синот (7) од висока карпа во вода - видео што го разлути светот и ги подели мислењата „Ова изгледа страшно, овој татко е премногу груб кон детето“... се некои од осуд...

Најчитани неделава