Од монтер на клими до милионер - Кој е Игор Ковитски, чија сопруга се обиде да изнесе 30 милиони долари од Украина?

Сопругата на украинскиот пратеник Игор Ковитски, Анастасија била фатена како се обидува преку бегалски премин од Украина во Унгарија да пренесе 28 милиони долари во кеш и 1,3 милиони евра. Што знаеме за Игор Ковитски, најбогатиот украински пратеник?

go-smetaat-za-najbogat-pratenik-vo-ukraina-negovata-sopruga-ja-fatile-so-30-milioni-dolari-na-granica-koj-e-igor-kovistki-01.jpg

Во светските медиуми деновиве масовно се споделуваат фотографиите од шест полни куфери со пари што наводно на 14-ти март сопругата на украинскиот пратеник Игор Ковитски, Анастасија се обидела да ги пренесе преку границата во Унгарија.

Фотографиите со куферите се споделени на Фејсбук страната на Украинското државно биро за разузнавање, а набрзо во медиумите се појави и информацијата дека парите се обидела да ги пренесе сопругата на поранешниот пратеник.

Поранешниот пратеник ги негира ваквите пишувања и тврди дека сите негови пари се во украинските банки. Како што рече, точно е дека неговата сопруга се обидела да ја премине границата за да се породи во Унгарија, но не е точно дека со себе носела пари.

Според пишувањата во украинските и во светските медиуми, Анастасија ја преминала границата заедно со нејзината мајка Галина Кучер и од украинска страна не пријавила пари, а во Унгарија морала да ги пријави, откако цариниците ги пронашле полните куфери.

Кој е Игор Ковитски и што знаеме за него?

Игор Ковитски (52) e украински политичар, бизнисмен и поранешен пратеник.

go-smetaat-za-najbogat-pratenik-vo-ukraina-negovata-sopruga-ja-fatile-so-30-02.jpg

Во 1992-ра година Игор работел како инсталатор на системи за вентилација и климатизација, а во 1993-та година почнал да работи како заменик генерален директор за технички прашања во LLC „Hungarex“. Од 1993-та година до 2014-та година бил на повеќе високи функции во компанијата „Инвестор“ во Харков, а се знае дека има удел во повеќе поголеми компании за гас од Украина.

go-smetaat-za-najbogat-pratenik-vo-ukraina-negovata-sopruga-ja-fatile-so-30-milioni-dolari-na-granica-koj-e-igor-kovistki-04.jpg

Игор завршил 4 факултети: фармација, бизнис и менаџмент, финансии и правен факултет. Тој бил пратеник во украинскиот парламент од 2006-та до 2019-та година.

go-smetaat-za-najbogat-pratenik-vo-ukraina-negovata-sopruga-ja-fatile-so-30-milioni-dolari-na-granica-koj-e-igor-kovistki-05.jpg

Игор важи за најбогатиот пратеник во украинскиот парламент. Украинските медиуми пишуваат дека тој при крајот на 2014-та година пријавил дека има над 1 милион евра на неговите сметки, а во август истата година се коригирал и рекол дека има околу 30 милиони евра.

go-smetaat-za-najbogat-pratenik-vo-ukraina-negovata-sopruga-ja-fatile-so-30-06.jpg

По повлекувањето од функцијата во парламентот Игор најави дека ќе се занимава повеќе со сопствениот бизнис и има намера да инвестира во обновливи извори на енергија во Украина. 

go-smetaat-za-najbogat-pratenik-vo-ukraina-negovata-sopruga-ja-fatile-so-30-milioni-dolari-na-granica-koj-e-igor-kovistki-07.jpg

На следната страна факти за неговата сопруга која е актуелна деновиве...



Би можело да ве интересира:

„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
„Со бившиот сопруг освоиме 2 милиони евра на лото – заглавивме во долгови, ги плаќавме 10 години“ Лара од Англија и поранешниот сопруг освоиле околу 2 милиони евра на лотарија. Н...
„Пораснав на улица со мајка зависник, татко коцкар - сега имам милиони, уживам во луксуз и се фалам ... „Мајка ми ме родила на 16 години. Татко ми беше многу постар маж, во тоа време и...
„Живеам од социјална помош бидејќи ми е стресно да работам – си купив куќа и ги зголемив градите, не... Жена од Англија 23 години живее од социјална помош бидејќи, како што вели, полес...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...
„Потрошив многу пари за новогодишни подароци на син ми и сега не знам како ќе си ги платам сметките“ „Приходите навистина почнаа да ми се пресушуваат. Ова е застрашувачко време за м...

Најчитани неделава