„За 1-ви Април се шегував со момчето дека сум бремена, не ја очекував неговата ужасна реакција“

„Не ме праша ништо за детето, само ми рече да се решам од него“ – раскажува оваа манекенка, која за 1-ви Април му подготвила шега на момчето со лажен позитивен тест за бременост, но добила неочекувана реакција. 

za-1-vi-april-se-sheguvav-so-momcheto-deka-sum-bremena-ne-ja-ochekuvav-negovata-reakcija-01.jpg

Бразилската манекенка Сабрина Лоу (20) имала подготвено првоаприлска шега за нејзиното момче, но не очекувала дека поради неговата реакција ќе мора да стави крај на 6-месечната романтична врска.

Како што раскажува Сабрина, таа и нејзиното момче вечерта на 1-ви Април излегле на луксузна вечера и таа сакала да се пошегува, па му покажала фотографија од позитивен тест за бременост и му рекла: „Честитки, тато!“.

za-1-vi-april-se-sheguvav-so-momcheto-deka-sum-bremena-ne-ja-ochekuvav-negovata-reakcija-02.jpg

Бразилската манекенка воопшто не ја очекувала реакцијата што понатаму следела. Таа очекувала дека тој ќе реагира бурно, но дека подоцна ќе се насмеат на шегата.

Наместо тоа, таа останала засрамена затоа што тој ѝ понудил околу 50.000 долари за веднаш да го абортира бебето.

Сабрина по ваквата реакција не можела да поверува дека тој е сериозен, а тоа ја натерало да стави крај на врската која траела околу 6 месеци.

„Воопшто не ме праша ништо за бебето, само ми рече да се решам од него и ми понуди 50.000 долари. Кога му ја покажав фотографијата на која држам тест за бременост, тој занеме.

Тој смета дека сега му е најдобриот период во животот и не сака да биде татко. Многу ме натажи неговата реакција и веднаш ставив крај на врската“ – вели таа.

za-1-vi-april-se-sheguvav-so-momcheto-deka-sum-bremena-ne-ja-ochekuvav-negovata-reakcija-03.jpg

Сабрина појаснува дека заради шегата, таа и нејзиното момче воопшто и не разговараат повеќе, а убавата моделка решила да продолжи понатаму во животот. Таа има над 70.000 следбеници на Инстаграм.

Погледнете дел од нејзините фотографии:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
„Син ми тежи 14kg на 6 месеци – ме критикуваат дека му давам премногу храна, не го собира во количка... Кога жена го родила своето четврто бебе, тоа имало просечна тежина од околу 3,2 ...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...

Најчитани неделава