Девојка со исповед: „Заради полицистични јајчници почна да ми расте брада, конечно се прифатив каква што сум“

Прекумерна тежина, раст на брада и мустаќи и страв дека никогаш нема да стане мајка. Џеневив Веиленкорт се соочила со ова на возраст од само 16 години, а сега откако конечно стана мајка тврди дека се гордее со сопствениот уникатен изглед.

zaradi-sindromot-na-policistichni-jajchnici-pochna-da-mi-raste-brada-mi-trebashe-dolgo-vreme-da-se-prifatam-sebesi-01.jpg

Џеневив Веиленкорт (34) од Онтарио, Канада вели дека долги години наназад се обидувала очајно да ја сокрие сопствената брада.

На возраст од 16 години како последица на синдромот на полицистични јајчници почнале да ѝ растат брада и мустаќи. Таа појаснува дека почнала да се бричи секој втор ден со цел да ја сокрие брадата, но веќе вториот ден била видлива.

zaradi-sindromot-na-policistichni-jajchnici-pochna-da-mi-raste-brada-mi-trebashe-dolgo-vreme-da-se-prifatam-sebesi-02.jpg

„Се срамев од мојата брада. Децата во училиште ме малтретираа и ми велеа да се бричам или ме прашуваа дали знам да го направам тоа.

Кога конечно ја добив дијагнозата за синдром на полицистични јајчници ми олесна затоа што конечно знаев зошто тоа ми се случува.

Исто така загубив надеж дека некогаш ќе станам мајка затоа што тоа е една од главните причини за неплодност кај жените.

Друг симптом беше зголемената тежина и секако растењето на брадата и мустаќите. Поради синдромот сакав да се кријам и мислев дека ја загубив сопствената женственост“ – вели таа.

zaradi-sindromot-na-policistichni-jajchnici-pochna-da-mi-raste-brada-mi-trebashe-dolgo-vreme-da-se-prifatam-sebesi-03.jpg

Сепак, во 2019-та година на Џеневив ѝ се исполнил најголемиот сон и станала мајка на синот Данкан. Како што вели, тоа ја натерало да го прифати сопствениот изглед.

„Сакам да бидам позитивен пример за моето дете. Не можам да го научам да го сака секој дел од себеси, ако јас не го направам истото“ – вели таа.

Набрзо потоа почнала да споделува фотографии со брада на интернет што ѝ помогнало да ја врати самодовербата, па потоа одлучила да излезе од дома со целосна брада. Сега вели дека се гордее со сопствениот уникатен изглед.

„Успеав да се прифатам себеси каква што сум и да излезам со брадата и полна со самодоверба. За чудо досега не сум се соочила со негативни коментари или со малтретирање.

Забележително е дека сум жена, па најчесто луѓето се збунети и ги гледам како се обидуваат да сфатат што ми се случува“ – вели таа.

Џеневив вели дека сега конечно се ослободила од постојаната вознемиреност и дека тоа што почнала во јавност да се појавува со брада ѝ дава сила да продолжи понатаму.

Таа на Инстаграм редовно споделува свои фотографии со кои сака да ја подигне свеста за синдромот на полицистични јајчници, а честопати упатува и позитивни пораки за нејзините следбеници.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
„Станав полицаец откако очувот ја уби мајка ми – сега им помагам на жртви на семејно насилство“ „Беше чудно кога гледав како очувот го изнесува полиција бидејќи ја удрил мајка ...
Сингапурецот кој изгледа како 20-годишен дечко наполни 60 години – кои се неговите тајни за младолик... Со години сите се прашуваат како е можно овој Сингапурец да изгледа како 20-годи...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...

Најчитани неделава