Патник без никакво искуство во летање успешно слетал авион откако пилотот изгубил свест (видео)

Откако пилотот на мал авион изгубил свест, едниот од двајцата патници ја презел работат во свои раце и со помош на контролор од земјата успеал да го слета авионот како вистински професионалец, без разлика што нема апсолутно никакво искуство со летање.

patnik-bez-nikakvo-iskustvo-vo-letanje-uspeshno-sletal-avion-otkako-pilotot-izgubil-svest-video-01.jpg

Во многу филмови сме гледале како патник без никакво искуство со летање слетува авион откако му се случило нешто на пилотот. Но, додека ги гледаме овие сцени, иако се напнати и возбудливи, свесни сме дека се далеку од реалноста.

Сепак, Дарен Харисон се нашол во токму таква ситуација – морал да ја преземе контролата над авионот и без разлика што нема искуство со летање, со помошта на контролорот од земја успешно го слетал авионот на писта во Флорида.

Роберт Морган е контролорот кој му помогнал на Дарен да го слета авионот. Тој има 20 години искуство во контролната кула, а истовремено е и инструктор за летање.

За CNN тој откри дека бил на пауза кога едниот од колегите му рекол:

„Има патник кој лета авион, а не е пилот. Пилотот е онеспособен, треба да му помогнеш да го слета авионот“.

patnik-bez-nikakvo-iskustvo-vo-letanje-uspeshno-sletal-avion-otkako-pilotot-izgubil-svest-video-02.jpg

Патникот Дарен Харисон бил во мал авион кој полетал од Бахамите. Во авионот имало само пилот и уште еден патник.

Додека биле во воздух, пилотот им кажал на двајцата патници дека не се чувствува добро, па потоа изгубил свест и паднал врз контролната табла на авионот. По ова, авионот веднаш почнал да се движи надолу.

Дарен веднаш изреагирал – ги грабнал контролите и според она што го гледал на филмови, успеал да го исправи авионот. Тогаш стапил во контакт со контролната кула.

patnik-bez-nikakvo-iskustvo-vo-letanje-uspeshno-sletal-avion-otkako-pilotot-izgubil-svest-video-03.jpg

Кога контролорот дознал што се случува, веднаш почнал да прави план како безбедно да ги слета пилотот и двајцата патници.

„Знаев дека авионот лета како и секој друг авион, само требаше да му помогнам на Дарен да остане смирен, да го насочам кон пистата и да му кажам како да ја намали брзината за да слета“, вели контролорот Роберт.

patnik-bez-nikakvo-iskustvo-vo-letanje-uspeshno-sletal-avion-otkako-pilotot-izgubil-svest-video-05.jpg

Иако Роберт има летано над 1.200 часа, никогаш не летал со моделот на авион во којшто бил Дарен. Па, за да може да му помогне, нашол слика од контролната табла и така почнал да го води.

Од нивниот разговор има и аудиоснимка каде што се слушаат инструкциите на Роберт, а се забележува и колку смирено делува Дарен, без разлика што првпат во животот треба да слета авион.

Додека разговараат, Дарен вели дека воопшто не знае како да лета со авион, а на прашањето каде се наоѓа, тој вели дека не знае, но дека го гледа брегот на Флорида.

Потоа Роберт го советува да го одржува авионот во исправена положба.

patnik-bez-nikakvo-iskustvo-vo-letanje-uspeshno-sletal-avion-otkako-pilotot-izgubil-svest-video-04.jpg

Уште поневеројатно е што Дарен го слетувал авионот без навигација бидејќи не можел да ја вклучи, па успеал да ја најде пистата само со помош на инструкциите на Роберт.

На крај, Дарен го слетал авионот, и тоа исто како искусен пилот. Да нагласиме дека на пилотите им требаат околу 20 часа да научат како да слетуваат авион. Дарен успеал во тоа уште при првиот обид.

Кога Дарен слетал, Роберт се упатил кон пистата и го прегрнал.

„Мислам дека ќе се расплачев бидејќи во мене имаше многу адреналин. Дарен ми рече дека само сакал да си оди дома кај неговата бремена сопруга. Во моите очи, тој е херој“, вели Роберт.

Во продолжение разговорот помеѓу Дарен и Роберт, како и моментот кога го слетува авионот: 

;

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...
„Јас сум плус-сајз девојка и сакам да патувам – плаќам за 2 седишта во авион, но се соочувам со крит... Инфлуенсерката Саибра е плус-сајз девојка која сака да патува и вели дека секојп...
Брачен пар, кој не сака деца пред да го прошета светот, е мета на осуда: „Прво сакаме да уживаме во ... „Сакаме деца еден ден, но прво сакаме да уживаме во слободата. Не попуштаме под ...
Момче (10) се ожени со својата детска љубов, 12 дена пред таа да почине од леукемија „Повеќето деца сакаат да одат во Дизниленд, но таа отсекогаш сакаше да биде сопр...
„На 16 години бев бездомник, спиев на улица, сакав да си го одземам живот - сè се смени кога ме прим... Клои Помфрет пораснала во згрижувачки дом, а станала бездомник на 16 години. Спи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg