Најпознатата Македонка во Австралија со потресни фотки од 4-тото породување: „Ќерка ми се роди предвреме, јас добив сепса“

„Се породив еден месец порано, а еден час по породувањето работите тргнаа на лошо, јас имав сепса, а таа инфекција, веднаш нѐ разделија“ – раскажува до објавените фотографии, Снежана Маркоски (Вуд) која на почетокот на овој месец се породи со 4-тата ќерка.

najpoznatata-makedonka-vo-avstralija-so-potresni-fotki-od-4-toto-poroduvanje-kjerka-mi-se-rodi-predvreme-01.jpg

Снежана Маркоски, односно Снежана Вуд е Македонка која живее во Австралија, а се прослави со учеството во шоуто The Bachelor. Таа неодамна се породи со својата четврта ќерка, а на Инстаграм го сподели страшното искуство со компликациите што настанале при породувањето.

Снежана и нејзиниот сопруг Сем Вуд неодамна го добија најновиот член во нивното семејство, ќерката Харпер, но искуството при породувањето било трауматично.

View this post on Instagram

A post shared by SNEŽANA WOOD (@snezanawood)

Сем, на 8-ми мај на Инстаграм објави повеќе фотографии на кои заедно со сопругата Снежана позираат со предвреме родената ќеркичка Харпер, а до нив напиша:

„Ова е приказната од последните пет дена...

Во средата на 4-ти мај, Харпер Џоунс дојде на свет и беше родена еден месец предвреме.

Само 30 минути откако ја направив оваа фотографија на Снежана ѝ се слоши толку многу што, додека да се свестиме, Харпер беше однесена на одделението за специјална нега, а мајка ѝ на интензивна нега.

Секако, Снежана во нејзин стил, се грижеше само за доброто на бебето и ѝ се кршеше срцето што не можеше да ја земе во раце.

Откако беше откриено дека тие имаат инфекција и по неверојатната нега од сестрите и докторите, од вчера тие повторно се заедно и сега се добро“ – рече тој.

Снежана, пак, објави повеќе фотографии на кои се гледа како Сем во болницата ја држи нивната новородена ќерка во раце, а до нив во подолг текст појасни што точно се случило за време на породувањето.

„Не можам да замислам колку стресно и страшно беше за тебе да гледаш како нашето бебе го носат на одделение за специјална нега, а мене во друга болница додека се трудиш да останеш смирен и да не ми дозволиш да видам дека си загрижен.

Нашата мала Харпер имаше инфекција, а јас имав сепса, но ти не ми кажа, ниту пак ми покажа колку си загрижен и колку е сериозна ситуацијата.

Ти остана смирен за и јас да бидам смирена.

Те замолив да останеш со Харпер додека таа да биде добро и ти го направи тоа, а потоа дојде во другата болница каде што ме пренесоа мене за да се увериш дека и јас сум добро, па потоа пак кај Харпер и постојано го правеше истото.

Само еден час пред тоа тројцата заедно бевме полни со љубов и се смеевме и бевме шокирани од тоа што Харпер премногу тивко дојде на свет. Потоа нештата се сменија на полошо...“ – пишува Снежана.

Од фотографиите што таа ги објави, може да се види, дека сега, откако малата Харпер Џоунс поминала околу 3 недели во болницата, таа конечно е дома, каде трите поголеми сестри постојано ја опсипуваат со љубов.

Инаку, Снежена и Сем учествуваа во третата сезона на шоуто The Bachelor, каде таа му го освои срцето, а во 2015-та година стапија во брак.

Тие заедно имаат три ќерки, а Снежана има уште една 17-годишна ќерка.

Прочитајте и Најпознатата Македонка во Австралија е бремена по 4-ти пат: „Штом најдам баланс во животот останувам бремена“ (фото)

Погледнете повеќе фотографии на следната страна...



Би можело да ве интересира:

„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„На 16 години бев бездомник, спиев на улица, сакав да си го одземам живот - сè се смени кога ме прим... Клои Помфрет пораснала во згрижувачки дом, а станала бездомник на 16 години. Спи...
„По 8 спонтани абортуси конечно добив син – сопругот ја продаде колекцијата патики за да платиме ин-... „Не бев сигурна дека некогаш ќе добијам бебе, а сега го држам во раце“ – вели же...
Маж со церебрална парализа бил „затвореник“ во својот дом: „Сопругата и нејзиниот љубовник не ми дав... „Поминав четири години во кревет, ме хранеа само колку да преживеам“, открива па...
„Ја мрази мојата работа, но и мене зошто си ја сакам работата“ – Канадскиот премиер за сопругата од ... „Постојат мигови кога таа ја мрази мојата работа и ме мрази мене што си ја сакам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg