Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Калуѓерки поинакви од оние што ги замислуваме – деновите ги поминуваат во преработка на канабис и не се колнат во целибат

Нивната мисија е да ги направат природните лекови базирани на растенија достапни за луѓето ширум светот. Тие имаат визија да станат мост помеѓу Мајката Земја и нејзините жители кои се во болка и да му ги отворат очите на светот за сите придобивки од даровите на природата.

Mnogu-poinakvi-kalugjerki-od-onie-koi-gi-zamisluvame-01.jpg

Нивните имиња се Софија, Кејт, Квин, Кас, Луна и Камила, калуѓерки од „Редот на сестрите од долината“, и не наликуваат на идејата на вообичаените калуѓерки или чесните сестри на коишто сме навикнати.

На нивната фарма во Калифорнија одгледуваат марихуана и произведуваат и продаваат лекови и козметика, тинктури, мелеми и масла од канабис, кои ги испраќаат низ целиот свет преку нивната веб-продавница.

Сестрите ја следат практиката на биодинамично земјоделство, во кое целата подготовка на земјиштето и обработката на производите се адаптирани на лунарните циклуси.

Сестрите од долината нагласуваат дека не се католички калуѓерки, туку активисти решени да им помогнат на луѓето да најдат свој, природен пат до исцелување.

Тие не веруваат во нација и националност, се сметаат себеси за граѓани на Земјата и не се противат на абортусот или пак условуваат целибатот на нивните членови.

Инспирирани од Бегуините, секуларни религиозни редови од средниот век, тие се сметаат за ученици кои работат, се молат заедно и се облекуваат слично за да покажат дека припаѓаат на нивниот ред и даваат заклетва за припадност и посветеност пред да се приклучат.

Нивната заклетва има шест столба: услуга на луѓето, послушност на лунарните циклуси, едноставен живот, активизам, мудрост и екологија. Првите букви од овие зборови на англиски го сочинуваат зборот „solace“, што значи утеха.

Тие не се дел од Католичката црква ниту која било друга позната религија, а нивното движење се прошири низ светот во последните години.

Имаат две фарми во Калифорнија, а сестрински фарми од овој тип веќе се отворени во Обединетото Кралство, Нов Зеланд, Данска, Мексико, Бразил и Кенија.

Според податоците од нивната веб-страница, моментално во светот има триесетина сестри од овој ред, а постојано ги контактираат нови заинтересирани членови.

Сестрите го благословуваат секое пакетче пред да го испратат, а на оние кои нарачуваат само еден производ, им праќаат подарок бидејќи сметаат дека лекот никогаш не треба „да патува сам“.

Сакаат да ја вратат славата и почитта на ова, како што велат, неверојатно растение, кое со векови без причина било забрането и демонизирано, а всушност е „дар од Бога“ кој може да ублажи, па дури и да излекува многу болести.

Што мислите за ова?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бебе се роди во авион среде лет кон Брисел: „Со жена ми бевме на тој лет – секоја чест за тимот“ „Беше посебен момент кога екипажот рече – имаме нов патник на летот“ - Кратко по...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
„Јас и сопругот сме нудисти – луѓето мислат дека организираме развратни забави, но тоа не е точно“ Неколку нудисти, вклучувајќи и брачен пар, откриваат кои митови за нивниот начин...
Рибар поминал 95 дена изгубен среде Тихиот Океан во својот брод: „Јадев лебарки за да преживеам“ Рибар од Перу преживеал 95 дена на својот рибарски брод во Тихиот Океан откако з...
Добри уметници, но лоши родители - Славни личности кои не разговараат со своите деца 50 Cent го споредил својот син со змија. Религијата во која членува Том Круз не ...
„Купив стан за да живееме со партнерот, сега тој не сака да плаќа кредит – ме искористува ли?“ „Купив стан на мое име и кога го замолив дечко ми да помага со кредитот, ми рече...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg