Девојка од Австралија преживеа вулканска ерупција со 70 отсто изгореници и за првпат го покажа лицето во јавност (фото)

„Не верувам дека некогаш ќе бидам целосно задоволна затоа што ми недостасува мојот поранешен изглед“ – вели 26-годишната Стефани Брауит која во 2019-та година настрада при вулканска ерупција на Нов Зеланд, во која животот го загубија 20 лица.

devojka-od-avstralija-prezhivea-vulkanska-erupcija-so-70-otsto-izgorenici-i-za-prvpat-go-pokazha-liceto-vo-javnost-foto-01.jpg

Стефани Брауит (26) е една од ретките туристи што успеаја да ја преживеат ерупцијата на вулканот на островот Вајт Ајланд во Нов Зеланд во 2019-та година. Таа била меѓу 47-те туристи што биле на прошетка околу вулканот во моментот на ерупцијата на 9-ти декември 2019-та година.

Стефани по ерупцијата се здобила со изгореници на 70 проценти од нејзиното тело, а во напливот на огнената стихија животите ги загубија 22 лица, меѓу кои и нејзината 21-годишна сестра Кристал и татко ѝ Пол.

Оваа девојка од Австралија поминала околу 6 месеци во болница каде се опоравувала од повредите здобиени за време на ерупцијата, а како што вели, иако има повреди нацелото тело, најтешко ги прифатила изгорениците на лицето.

По 2 години и по голем број третмани Стефани за првпат одлучи минатата недела на телевизија јавно да ја извади маската од лицето и да ги покаже лузните, а на Инстаграм сподели повеќе фотографии со кои сакаше да покаже како нејзината состојба се менувала.

„Мислев дека моето лице ќе остане исто како што беше во моментот кога се видов во огледало во болницата. Не можев да сфатам дека со тек на време ќе се подобри состојбата и се чувствував поразено.

Лицето е првото нешто што луѓето го забележуваат и ми беше страв дека луѓето ќе ме осудуваат. Ми велеа дека со текот на времето состојбата ќе се подобри, но не верував во тоа“ – вели таа.

Иако денес нејзиното лице изгледа значително подобро во споредба со тоа како изгледало пред 2 години Стефани вели дека сѐ уште не се чувствува самоуверено:

„Не верувам дека некогаш ќе бидам целосно задоволна затоа што ми недостасува мојот поранешен изглед и знам дека лузните ќе ми донесат повеќе проблеми во иднина, но го почитувам трудот на лекарите, не знам каде би била без нив“ – вели таа.

Инаку Стефани појаснува дека во последните две години имала неколку операции, добивала повеќе инјекции со стероиди и околу 12 ласерски зафати, а редовно ги носи маските препорачани од лекарите.

„Се надевам дека ова ќе им даде надеж на сите што се борат со слични вакви повреди или со нешто друго во животот“ – порача таа.

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Нов бизарен потег на Трамп - не ѝ ја пушта раката на Брижит Макрон при ракување 13 секунди (вирално ... Во една пригода Трамп зборуваше дека Брижит се однесува „исклучително лошо“ кон ...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...

Најчитани неделава