Како дете ја малтретирале заради густите и споени веѓи, а со нив стана топ модел – Која е Софија Хаџипантели?

„Споените веѓи и провокативната облека ми помогнаа луѓето да ме забележат“ – вели манекенката со грчко-кипарско потекло Софија Хаџипантели, која се појавила на насловните страници на поголем број модни списанија, а во минатото била малтретирана заради нив.

kako-dete-ja-maltretirale-zaradi-gustite-gajtan-vegji-a-zaradi-niv-stana-top-model-koja-e-sofija-hadjipanteli-01.jpg

Софија Хаџипантели (25) е манекенка со грчко-кипарско потекло која во изминативе години стана најпозната затоа што гордо позира на насловните страници на голем број модни списанија и тоа со споени и нестилизирани веѓи.

Со височина од само 168cm и видлива несовршеност на лицето, оваа девојка успеа да се пробие на модната сцена.

Впрочем т.н. „гајтан“ веѓи како што многумина ги нарекуваат, се заштитен знак на оваа девојка, која пленува со совршениот изглед на телото, а во последните години се обидува да ги нормализира природниот изглед на веѓите и во светот на модата.

„Верувам дека моето грчко-кипарско потекло ми дозволува да експериментирам колку сакам со веѓите затоа што на крај секогаш повторно растат.

Чувствувам дека веѓите се голем дел од мене, затоа што покажуваат дека според правилата можеш да бидеш најгрдата личност на светот, но да изгледаш најубаво доколку така се чувствуваш одвнатре“ – вели таа.

Софија како дете била често мета на критики заради споените и густи веѓи, а денес ги краси насловните страници на Vogue, Harper’s Bazaar и Vanity Fair.

„Со мојата појава успевам да контролирам како луѓето ме гледаат.

Ако сакам да бидам забележана тогаш ќе се облекувам како што сакам и ќе се појавувам со споени веѓи, а ако сакам да имам поголема приватност, секогаш можам да внимавам повеќе на изгледот.

Но, тоа е моја одлука“ – вели таа.

Инаку Софија на Инстаграм има 470.000 следбеници.

Погледнете дел од нејзините објави:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
„Син ми тежи 14kg на 6 месеци – ме критикуваат дека му давам премногу храна, не го собира во количка... Кога жена го родила своето четврто бебе, тоа имало просечна тежина од околу 3,2 ...

Најчитани неделава