Мајка е мета на критики заради растурениот дом: „Не е хигиенски да имаш валкани садови од пред 4 дена“

Бријана Џејмс од САД, која е мајка на четири деца, ја разбранува јавноста со видеата од нејзиниот растурен дом – некои ја поддржуваат истакнувајќи дека тоа е нормално во дом со мали деца, но други ја критикуваат бидејќи сметаат дека не е хигиенски да остава неизмиени садови по неколку денови на помошната маса.

majka-ja-podeli-javnosta-so-videata-od-rasfrlaniot-dom-ne-e-higienski-da-imash-valkani-sadovi-od-pred-4-dena-01.jpg

Бријана и нејзиниот сопруг се во брак 10 години, а таа има ТикТок профил на кој споделува детали од секојдневието.

Корисничкото име на Бријана е „the messy mama“, што во буквален превод значи „неуредна мајка“, а со видеата таа сака да го покаже токму тоа.

majka-ja-podeli-javnosta-so-videata-od-rasfrlaniot-dom-ne-e-higienski-da-imash-valkani-sadovi-od-pred-4-dena-03.jpg

Бријана редовно споделува видеа од нередот во домот и целта ѝ е да го нормализира тоа.

Но, иако многу родители се согласуваат дека е невозможно домот да биде среден додека децата се мали, многумина сметаат дека Бријана претерува.

sub-buzz-1184-1657046327-3.jpg

Во нејзиното најгледано видео кое веќе има над 18 милиони прегледи, Бријана вели:

„Знам дека ќе бидам критикувана. Знам, но еве што се случува кога двајца мрзливи возрасни личности имаат четири деца и не средуваат по нив.

Четири дена. Немам измиено садови и немам средено ништо четири дена и еве како ми изгледа домот. Не е валкан, туку само расфрлан“.

@themessymama4

I will block those who are mean. this is to keep me accountable not for views.

♬ original sound - Bri James

Во видеото Бријана спомнува и дека кога ќе заврши со снимањето, планира да чисти. Во некои од видеата што ги споделува, Бријана всушност го средува домот.

Во интервју за Buzzfeed, мајката вели дека честопати го снима расфрланиот дом бидејќи ѝ се смачило да глуми.

„Јас сум неуредна личност. Сопругот е неуредна личност. Свесни сме за тоа. Со години се преправав дека сум средена и организирана и се изморив од тоа.

Па, ќе објавам видео од мојата растурена куќа во која живеат шест луѓе и четири миленици, па почнувам со чистење“.

@themessymama4

despite the kitching being a hell hole, the living room and upstairs is decent and liveable... don't ask me how.

♬ Numb Little Bug - Em Beihold

Бријана вели дека секој ден пробува да среди нешто, но невозможно е да среди сè. Голем проблем е и што нејзиниот сопруг е воено лице, па често отсуствувал од дома и не може да ѝ помогне.

„Знам дека никогаш нема да имам среден дом додека децата се мали. Дури и ако чистам 24/7, тоа е недостижна цел. Па, сакав да им покажам на другите мајки и татковци дека е во ред да бидат расфрлани. Нормално е“.

@themessymama4

y'all this upstairs hallway drives me nuts. my meds and routine are working so i no longer feel like I can't do it or it's too much. so let's tackle this!

♬ original sound - sarnandhun

Голем дел од следбениците ја поддржуваат Бријана:

„Не е лесно да се грижите за четири деца со сопруг кој често отсуствува. Негативните коментари не се од никаква корист. Ако не ѝ помагате, најдобро не зборувајте ништо“.

„Бев во слична положба. Потребна е храброст да се сподели нешто вакво“.

„Ти благодарам што го споделуваш ова – прави да се чувствувам нормално!“

„Луѓето не сфаќаат дека кога имате повеќе деца, овој неред може да настане за само неколку часа“.

@themessymama4

y'all several people have asked how they can help out, and the best way is through my Amazon wishlist. 😍

♬ Come As You Are - Nirvana

Сепак, многумина и ја критикуваат:

„Пробувам да покажам разбирање, но не можеш да кажеш дека куќата не е валкана, туку само расфрлана, кога имаш садови од пред четири дена“.

„Проблемот е што нејзините деца ќе пораснат мислејќи дека ова е нормално“.

„За жал, твојот дом е валкан – погледни ги теписите и садовите. Зошто децата не ги средуваат нивните работи? Двете се доволно се големи за тоа“.

„Оставањето валкани садови во мијалникот и на помошната маса е валкано, не само неуредно. И јас сум мрзлива и далеку од педантна личност, но ова не е хигиенски“.

„Ова не е расфрлано, ова е валкано. Има машина за миење садови – потребни се две секунди да ги стави садовите внатре.

Никому не му е грижа за играчките на подот, но сигурна сум дека има бубачки во целото ѓубре и целата стара храна“.

@themessymama4

vacuumed, I was trying to say vaccumed. 🤦🏼‍♀️

♬ Music For a Sushi Restaurant - Harry Styles
@themessymama4 @themessymama4.0 ♬ ocean eyes - Billie Eilish
@themessymama4 @themessymama4.0 ♬ Cute - Bensound

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Работев напорно да ослабам, сега не сакам ниту да помислам да забременам и да добијам стрии“ „Самата помисла дека ќе добијам стрии и дека ќе се здебелам ме одвраќа од намера...
Девојка (23) и нејзиниот партнер (63) ја разбрануваа јавноста: „Ме разгалува со скапи подароци, сите... Вилоу (23) и нејзиниот партнер (63) се соочуваат со многу критики поради нивната...
Вирално видео од Украина го расплака светот: Мајка со солзи во очите ја прегрнува жената која ѝ ги п... Мајката била надвор од земјата кога почнал нападот на Украина, а таткото кој не ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg