Три намирници кои сите ги сакаме, а се клучни за долг живот, според стогодишни луѓе

Сигурно барем еднаш во животот сте се запрашале кој е рецептот за долговечност.

tri-namirnici-koi-site-gi-sakame-a-se-kluchni-za-dolg-zhivot-spored-stogodishni-lugje-01.jpg

Многу стогодишници од светот, чии имиња се запишани во Гинисовата книга на рекорди, велат дека тајната на вечната младост не се крие во магичните еликсири, туку во правилната исхрана, намалувањето на нивото на стрес и здравата доза на рекреација.

Три намирници кои (речиси) сите ги сакаме заземаат посебно место во менито на највиталните сениори во светот.

Сини зони: места на вечна младост каде што е необично да се умре пред 90 години

Ако можеме да патувате назад во времето и да ја прашаме Жан Луиз Калмент, најстарата личност во историјата која живеела до 122 години, која е нејзината тајна за долговечноста – одговорот може да нè изненади.

Оваа неверојатно витална старица им се заблагодарила на чоколадото, црвеното вино и маслиновото масло за нејзините долги, но витални години.

tri-namirnici-koi-site-gi-sakame-a-se-kluchni-za-dolg-zhivot-spored-stogodishni-lugje-02.jpg

Всушност, воопшто не е чудно што ги истакнала последните две намирници кои се клучни во медитеранската исхрана, која важи за една од најздравите во светот.

Во „сините зони“ во светот, како што се Сардинија, Икарија, Окинава, Лома Линда и Костарика, живеат најголем број стогодишници кои секојдневно консумираат црвено вино и маслиново масло.

Научно е докажано дека помагаат во намалувањето на телесната тежина, го намалуваат крвниот притисок и го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања, па не нè чуди што луѓето од овие региони не ги бројат годините.

Маслиново масло – синоним за здравје, убавина и долговечност

Многу легенди велат дека Римјанките ги хранеле кожата и косата со маслиново масло, додека во древниот Египет тоа било главната состојка во бањите и мешавините за балсамирање.

За неговата сила во борбата против вишокот телесна тежина, високиот крвен притисок и разните воспаленија говорат многу студии, кои укажуваат и на бројни предности во неговото користење на кожата за спречување на дегенеративни промени предизвикани од стареењето и сончевото зрачење.

Студиите кои го поврзуваат маслиновото масло како суштинска состојка на медитеранската исхрана и долговечноста, ја покажаа неговата несомнена улога во намалената смртност од најчестите болести.

Ова зеленикаво-жолто масло содржи олеокантал, моќно соединение кое благотворно делува на превенција од Алцхајмерова болест, а со само неколку капки ќе го подобри вкусот на многу салати, јадења од риба и други медитерански деликатеси.

tri-namirnici-koi-site-gi-sakame-a-se-kluchni-za-dolg-zhivot-spored-stogodishni-lugje-03.jpg

Чаша црвено вино на ден – и не ви треба доктор

Во веќе споменатите сини предели во кои доминира медитеранската исхрана, црвено вино се наоѓа на речиси секоја трпеза, а нивните жители пијат и до две чаши дневно.

Меѓутоа, бидејќи сè уште е алкохолен пијалак, не треба да се претерува, бидејќи тајната не е само во изборот на храна, туку и во умереноста.

Црвеното вино е толку корисно за здравјето бидејќи е богато со антиоксиданти кои му помагаат на телото да ги зачува клетките и да го забави процесот на стареење.

Виното го намалува и ризикот од развој на Алцхајмерова и Паркинсонова болест, кои се тесно поврзани со оксидативниот стрес.

Друго истражување покажало дека една чаша вино дневно му помага на организмот да се бори против непријатните воспаленија, го зачувува здравјето на срцето и крвните садови, ја зајакнува цревната флора и менталното здравје, а позитивно влијае и на долговечноста.

tri-namirnici-koi-site-gi-sakame-a-se-kluchni-za-dolg-zhivot-spored-stogodishni-lugje-04.jpg

Темно чоколадо – пријател на среќата и срцето

Исто како и убавото вино, темното чоколадо е полно со антиоксиданти кои се одлични пријатели на здравјето и долговечноста, но и на среќата!

Студија спроведена во Сеул покажала дека здравите возрасни луѓе кои дневно консумираат 30 грама темно чоколадо со 85% содржина на какао се посреќни од оние кои јаделе помалку или воопшто не го јаделе.

Покрај тоа, многу луѓе со старосни рекорди ја нагласуваат оваа конкретна храна како една од главните на нивното дневно мени.

Ако понекогаш бегате од голем процент на какао поради неговиот горко-сладок вкус – размислете уште еднаш.

Флавоноидот, еден од антиоксидантите што ги содржи оваа храна го дава тој специфичен горчлив вкус и го намалува ризикот од разни хронични болести и рак.

Освен што го намалува крвниот притисок и ризикот од атеросклероза и мозочен удар, темното чоколадо одлично влијае и на нашето расположение.

За да блеснат сите негови предности во полн сјај, најважно е да се сопрете навреме и да не јадете премногу.

tri-namirnici-koi-site-gi-sakame-a-se-kluchni-za-dolg-zhivot-spored-stogodishni-lugje-05.jpg

Кога слободното време не било луксуз

Сите оние кои имале привилегија да живеат долг и здрав живот со квалитетна исхрана и рекреација, ја истакнуваат важноста од ниското ниво на стрес.

Многумина од нив, како Жан Луиз Калмент, најстарата жена во историјата, не се мачеле со типичните часови и очекувања во канцеларијата, туку си го организирале времето според нивните потреби и можности.

Како такви, тие не биле соочени со истото ниво на стрес како просечниот човек денес.

Токму затоа сè повеќе земји во светот размислуваат да го намалат работното време од осум на шест или пет часа дневно.

Покрај тоа што директно влијае на подобар одмор, концентрација и продуктивност на вработените, ова му овозможува на работоспособното население да ужива во различни хобија и интереси, и слободно време без оптоварување. А, животот без стрес води до – долговечност.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жена (50) од Велика Британија за тајната на бракот со 31-годишниот сопруг: „Клучот е силното либидо“ По 4 години брак, Каролин Станбери (50) ужива во интимноста со поранешниот фудба...
Вознемирувачки сцени: 12 фото-докази од Скопје и светот, во какво лудо време живееме Светот како пред очи да ни оди во неповрат, а ние навистина живееме во лудо врем...
„Син ми тежи 14kg на 6 месеци – ме критикуваат дека му давам премногу храна, не го собира во количка... Кога жена го родила своето четврто бебе, тоа имало просечна тежина од околу 3,2 ...
Татко го фрла синот (7) од висока карпа во вода - видео што го разлути светот и ги подели мислењата „Ова изгледа страшно, овој татко е премногу груб кон детето“... се некои од осуд...
„Се разведов по 30 години, ги оставив децата и се преселив на другиот крај од светот – првпат се чув... Штом нејзините деца завршиле средно, Синди од САД сфатила дека е уморна од својо...
Порано се срамела, сега гордо го покажува – Девојката со најширок јазик во светот Во детството ја исмејувале и луѓето постојано ѝ коментирале за широкиот јазик, п...

Најчитани неделава