Плажи во Италија покриени во чад, патувања низ оган во Португалија – видео-докази дека Земјата гори

Пожари во Македонија, но пожари и во другите европски земји. НАСА објави модел на земјината топка во која може да се забележи дека заради екстремно високите температури кои ја зафатија цела површина, изгледа како Земјата навистина да гори. 

nasa-so-nov-model-na-nashata-planeta-pozhari-i-lavini-od-stopeni-glecheri-video-dokazi-deka-zemjata-gori-01.jpg

Се очекува во наредните три дена, температурите во Македонија да се искачат над 41 степен, а доказите за пеколно топлото лето доаѓаат од сите земји во светот.

Европа годинава е погодена со екстремно високи и досега незапаметени температури, а во изминатите два месеци со топлотни бранови беа зафатени и земјите во Северна Африка, Средниот Исток и Азија.

НАСА објави мапа на која се гледаат температурите на источната хемисфера на 13-ти јули 2022-ра година.

„Има јасна шема на атмосферски бран што се менува со ‘поцрвени’ и ‘посини’ вредности во различни локации. Големата површина со екстремно високи (и досега незабележани) температури е уште еден индикатор дека емисијата на штетни гасови од човечкото живеење ги нарушуваат климатските прилики и влијаат на нашиот начин на живеење“ – велат од НАСА.

plazhi-vo-italija-pokrieni-vo-chad-patuvanja-niz-ogan-vo-portugalija-video-dokazi-deka-zemjata-gori-02.jpg

Високите температури предизвикаа пожари во Шпанија, Португалија, Грција и Полска.

Прочитајте и Стопени семафори, канти и знаци – 19 фото и видео докази дека Европа се „топи“ за време на неподносливиот топлотен бран

Во продолжение погледнете неколку фото-докази што покажуваат дека ова лето планетата Земја навистина гори:

Автомобил поминува низ централна Португалија каде 2.000 пожарникари се обидуваат да го изгаснат огнот

Пожарникарите се обидуваат да го изгаснат огнот во близина на Атина

Шумски пожар во Атина во близина на населени куќи

Пожар на италијанско-словеченката граница

Италијанска плажа покриена со чад заради пожарите во близина

Глечерот Мармолада во Италија се стопи и предизвика лавина во која загинаа 11 лица

Лавина предизвикана од стопен глечер во Киргистан

Паднати кровови во Кина заради стопен градежен материјал за време на топлотен бран

Во Кина, панда мечката се разладува во вода заради неподносливо топлото време

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Во љубов е со милионер една глава понизок од неа - Зошто врската на манекенката Викторија Силвстед ј... Актерката, модел, пејачка и поранешна Плејбој зајачица, Викторија Силвстед (51),...
11 луѓе со кои не сакаме да делиме ист воздух (а ги има многу и во Македонија) Дали сте биле сведок на сцена во Скопје каде тркалото од велосипедот останало за...
Хари и Меган зад кралските завеси – таа храбро објави невидени кадри од свадбата, страсни бакнежи и ... За 8-та годишнина, Меган и Хари не се кријат, напротив, таа храбро објави невиде...
Шатори, конзерви, па и човечки измет од несовесни планинари: Највисокиот камп на Монт Еверест претво... „Она што треба да биде едно од најубавите места на планетата стана едно од најгр...
Родена во куќа од кал, уапсена е за наркотици, а сега е најмоќната жена на светот: Која е првата дам... Силија Флорес не е претседател на Венецуела, не седи на официјалната фотелја на ...

Најчитани неделава