7-годишните близнаци на принцот од Монако се потстрижале сами пред важен настан на кралското семејство (фото)

Принцезата Шарлен од Монако сподели смешни фотки на кои ги покажа фризурите што си ги направиле нејзините 7-годишни близнаци – најпрво ќерката Габриела сама си ја потстрижала косата, а потоа го „средила“ и брат ѝ Жак, и тоа веднаш пред важен настан на кралското семејство.

7-godishnite-bliznaci-na-princot-od-monako-se-potstrizhale-sami-pred-vazhen-nastan-na-kralskoto-semejstvo-foto-01.jpg

Близнаците на принцот Алберт од Монако решиле сами да си направат фризури, и тоа пред важен настан на кралското семејство.

Принцот Алберт и сопругата Шарлен имаат 7-годишни близнаци, Габриела и Жак, а според објавата на Шарлен, Габриела се потстрижала сама, а потоа го „средила“ и брат и ѝ Жак.

7-godishnite-bliznaci-na-princot-od-monako-se-potstrizhale-sami-pred-vazhen-nastan-na-kralskoto-semejstvo-foto-05.jpg

Шарлен сподели две фотки на кои се гледаат новите фризури на близнаците.

„Габриела се потстрижа, а потоа го потстрижа и брат ѝ! Едвај чекаме да почнат со училиште во понеделник“, стои во описот на објавата.

Следниот ден, кралското семејство од Монако присуствуваше на настан, а Шарлен успеала некако да ги среди близнаците.

Малиот принц Жак добил потполно нова фризура, а Габриела носеше венче со цветови кое донекаде ја прикриваше фризурата што си ја направила сама.

7-godishnite-bliznaci-na-princot-od-monako-se-potstrizhale-sami-pred-vazhen-nastan-na-kralskoto-semejstvo-foto-04.jpg

7-godishnite-bliznaci-na-princot-od-monako-se-potstrizhale-sami-pred-vazhen-nastan-na-kralskoto-semejstvo-foto-03.jpg

Уште поинтересно во целата ситуација е што ова не е првпат малата Габриела сама да си направи фризура со ножици.

Пред околу една година, принцезата Шарлен откри дека Габриела си ги потстрижала шишките.

Таа сподели и фотографии на кои се гледаат асиметричните шишки на малото девојче.

7-godishnite-bliznaci-na-princot-od-monako-se-potstrizhale-sami-pred-vazhen-nastan-na-kralskoto-semejstvo-foto-08.jpg

7-godishnite-bliznaci-na-princot-od-monako-se-potstrizhale-sami-pred-vazhen-nastan-na-kralskoto-semejstvo-foto09.jpg

7-godishnite-bliznaci-na-princot-od-monako-se-potstrizhale-sami-pred-vazhen-nastan-na-kralskoto-semejstvo-foto10.jpg

Инаку, принцот Алберт го наследи тронот во 2005 година, од неговиот татко. Мајката на Алберт е Грејс Кели, која беше и позната актерка.

Во 2011 година, тој се венча со принцезата Шарлен која е поранешна олимписка пливачка.

Во 2014-та тие ги добија близнаците Габриела и Жак.

Прочитајте и: Факти за најтажната принцеза на светот – гласини дека била сместена во ментална установа, сакала да побегне од свадбата

Повеќе фотки од семејството на следната страница....



Би можело да ве интересира:

Принцот Џорџ е пораснат дечко покрај мама Кејт Мидлтон на Вимблдон – во одело и кравата како вистинс... Кејт Мидлтон отмена и елегантна како секогаш, воодушеви заедно со пораснатиот си...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...
Кејт Мидлтон со круна на принцезата Дијана, Доналд и Меланија главни гости: Како помина раскошниот б... Во замокот Виндзор се одржа државен банкет во чест на американскиот претседател ...
Абортирала поради него, ја терал да спие со Ерос Рамацоти за да направи еротски фотки - Бурната љубо... Поранешниот сопруг, познат и како „крал на папараците“ во Италија, продавал нејз...
Бил во затвор за проституција и киднапирање: Кој е сопственикот на локалот во Швајцарија, во кој изб... Според неколку француски медиуми, сопственикот на локалот во кој избувна пожар н...
„Лицето ми се деформира од паразит – си ги потрошив сите пари за да најдам лек, ми се уништи животот... Американска ријалити ѕвезда вели дека „закачила“ паразит во Мароко што ѝ го дефо...

Најчитани неделава