Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Анџелина Џоли во Пакистан, среде поплави – загинаа 1.500 луѓе, се шират болести, деца страдаат (фото)

„Бев во Пакистан за да ја видам штетата од поплавите кои потопија 1/3 од земјата. Засегнати се 33 милиони луѓе, а на над 6 милиони им треба итна хуманитарна помош“, вели Анџелина Џоли обидувајќи се да ја подигне свеста за катастрофалните последици од климатските промени.

andzhelina-dzholi-vo-pakistan-zemjata-koja-edna-tretina-e-pod-voda-se-sluchuvaat-klimatski-katastrofi-osvestete-se-01.jpg

Минатата недела, Анџелина Џоли беше во Пакистан, а сега со трогателна објава на Инстаграм сака да ја зголеми свеста за катастрофата со којашто се соочуваат тамошните жители, но и климатските промени што ја предизвикаа.

Кон средината на јуни, во Пакистан имаше обилни дождови кои предизвикаа поплави, а до денес голем дел од површината на земјата е под вода.

Милиони луѓе останаа без дом, а како што водата почна да се повлекува, почнаа да се утврдуваат огромните материјални штети.

andzhelina-dzholi-vo-pakistan-zemjata-koja-edna-tretina-e-pod-voda-se-sluchuvaat-klimatski-katastrofi-osvestete-se-06.jpg

Актерката сподели неколку фотографии од посетата во Пакистан, објаснувајќи што се случува во државата.

„Минатата недела бев во Пакистан со International Rescue Committee (организација за хуманитарна помош) и локални организации, за да ја видам штетата предизвикана од поплавите кои потопија 1/3 од површината на земјата.

Засегнати се 33 милиони луѓе, а на над 6 милиони им треба итна хуманитарна помош.

Во Пакистан има и над милион бегалци од Авганистан за кои моментално не е безбедно да се вратат поради сегашната ситуација.

Оние со коишто стапив во контакт уште се во шок од бегството од Талибанците, а сега знаат дека земјата во која побегнале е во опасна положба.

Нивото на траума е големо. Ве молам следете што се случува. Бидете свесни за климатската катастрофа што ја гледаме сè почесто.

Натерајте ги властите да сфатат дека недостатокот од фер трговија, зголемените емисии и неуспешното справување со конфликтите предизвикуваат смрт и страдање за милиони семејства ширум целиот свет“.

Според Обединетите Нации, досега во поплавите загинале над 1.500 луѓе, вклучувајќи и 552 деца.

Од УНИЦЕФ споделуваат дека некои од најголемите реки се излиени и поплавиле домови, фарми, важни патишта, мостови, училишта и болници.

Поради недостатокот од чиста вода, почнале да се појавуваат и многу случаи на дијареја и маларија.

andzhelina-dzholi-vo-pakistan-zemjata-koja-edna-tretina-e-pod-voda-se-sluchuvaat-klimatski-katastrofi-osvestete-se-05.jpg„Моментално една третина од држава е под вода, оставајќи ги семејствата заглавени на мали парчиња земја“.

На некои од најпогодените места во Пакистан, децата веќе страдаат од неисхранетост и недостаток од чиста вода и соодветна канализација, а поплавите само ја влошуваат ситуацијата.

Веќе е јасно дека поплавите во Пакистан се последица од климатските промени, што значи треба да се подготвиме за уште многу вакви катастрофи.

Според министерот за климатски промени во Пакистан, Шери Реман, во некои области во Пакистан наврнало 500% повеќе дожд од вообичаено.

andzhelina-dzholi-vo-pakistan-zemjata-koja-edna-tretina-e-pod-voda-se-sluchuvaat-klimatski-katastrofi-osvestete-se-02.jpg

Поради климатските промени, температурата на Индискиот Океан се зголемува.

Во периодот од април до мај, пред поплавите, во Пакистан имаше и суша, повторно предизвикана од климатските промени.

Експертите се убедени дека сите овие последици од климатските промени ги создале условите за обилните врнежи кои поплавија третина од државата.

andzhelina-dzholi-vo-pakistan-zemjata-koja-edna-tretina-e-pod-voda-se-sluchuvaat-klimatski-katastrofi-osvestete-se-04.jpg

Моментално многу хуманитарни организации се обидуваат да понудат храна, вода, засолниште и лекови за настраданите, но јасно е дека ниту нивната помош нема да биде доволна – водата од поплавите допрва треба да се повлече, па дури потоа да се санираат штетите.

andzhelina-dzholi-vo-pakistan-zemjata-koja-edna-tretina-e-pod-voda-se-sluchuvaat-klimatski-katastrofi-osvestete-se-07.jpg

Повеќе фотографии и видеа на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Жена со бизарна зависност од тетовирање не може да најде работа: „Правам по 3 тетоважи неделно, секо... Мелиса Слоан има 45 години и толку многу тетоважи, што не може ни да ги изброи. ...
Преживеани споделуваат морничави детали од трагичното стампедо во Сеул - загинаа 153 луѓе кои се газ... „Пред мене паднаа неколку луѓе, па ја изгубив групата пријатели. Некако успеав д...
Рафаел Надал е хит меме на Твитер - откако доби син и му го даде своето име, Рафаел Нашата Натали Грубовиќ ја крсти својата ќерка по себе, па ѝ го даде името Натали...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg