„Јас сум секси мајка, носам деколте, танга и тантела и во бременоста - ме обвинуваат за тоа“

„Во бременоста одам на маникир и педикир, на фризер и вежбам онолку колку што телото ми дозволува. Не сакам ниту да видам бабински гаќички...“

jas-sum-seksi-majka-si-nosam-tanga-i-tantela-i-bremena-me-obvinuvaat-deka-go-pokazhuvam-dekolteto-01.jpg

Џен Фергусон (31) од САД станала мајка за првпат на 19 години, а сега е повторно бремена и ова е нејзина четврта бременост.

jas-sum-seksi-majka-si-nosam-tanga-i-tantela-i-bremena-me-obvinuvaat-deka-go-pokazhuvam-dekolteto-02.jpg

Таа вели дека сака да си ја задржи репутацијата на секси мајка и во бременоста и затоа носи облека што ѝ се допаѓа и тоа градници со тантела или пак тесни фустани со танга.

Џен вели дека се соочувала со коментари во секојдневието дека се облекува несоодветно за трудница и дека многу го покажува деколтето, но таа вели дека тоа што ѝ расте стомакот не значи дека не смее да се чувствува секси.

„Иако сум бремена, мојот изглед секогаш ми е приоритет и си се држам до моите ритуали за убавина, се разбира, притоа важно ми е секако и доброто на бебето и безбедноста“, вели Џен.

jas-sum-seksi-majka-si-nosam-tanga-i-tantela-i-bremena-me-obvinuvaat-deka-go-pokazhuvam-dekolteto-03.jpg

„Одам на маникир и педикир, на фризер и вежбам онолку колку што телото ми дозволува. Не сакам ниту да видам бабински гаќички, едноставно сакам да изгледам добро.

Им советувам и на другите жени да си носат облека од тантела кога ќе посакаат да се чувствуваат убаво и секси, зошто да не?“

Таа додава дека во голем дел од деновите во бременоста нема енергија и не се чувствува сјајно, па сака да блеска во деновите кога се чувствува добро.

„Таква сум карактерно – храбра и забавна и сакам да бидам секси и во бременоста“.

Повеќе фотографии од Џен:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„Станав полицаец откако очувот ја уби мајка ми – сега им помагам на жртви на семејно насилство“ „Беше чудно кога гледав како очувот го изнесува полиција бидејќи ја удрил мајка ...
Мајка-херој од Англија загинала за да ја спаси 5-годишната ќерка – гранка од дрво паднала врз неа до... Мајка од Англија шетала во парк со својата ќерка, кога се откршила гранка од дрв...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Меланија му ставала креми со кавијар кога бил дете, има свое богатство од 150 милиони долари - Како ... Барон никогаш не носел тренерки, дури ни како дете, туку од мал сакал да се обле...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...

Најчитани неделава