„По вратот се познава која е постара“ – Мајка критикувана откако се пофали со својот младешки изглед покрај ќерка ѝ (видео)

„Вратот и брчките те издаваат, извини мамо“, „Ако зборуваме за ниво на интелигенција, тогаш и двете имате 22“ – стои во дел од коментарите под видеото во кое една мајка од САД сакаше да се пофали со сопствениот младешки изглед. Можете ли на прв поглед да познаете која е мајката? 

po-vratot-se-poznava-koja-e-postara-majka-kritikuvana-otkako-sakashe-da-se-fali-so-mladeshkiot-izgled-video-01.jpg

Инфлуенсерката од САД, Барби Портер на ТикТок објави видео од неа и нејзината 22-годишна ќерка Хејли и како што вели, луѓето имаат проблем да откријат која од нив е постара.

„Значи една од нас има 46 години, а другата има 22. Можете ли да откриете која е мајката, а која е ќерката?“ – прашува Барби во видеото.

@thebarbieporter Replying to @chronobine @halieray3 ♬ original sound - Barbie?

Мајката и ќерката носат слична облека, имаат слични фризури, но иако двете тврдат дека најчесто сите мислат дека се близначки и никој не може да открие која од нив е повозрасна, во коментарите под видеото нивните следбеници коментираат дека јасно е видливо која од нив е постара.

po-vratot-se-poznava-koja-e-postara-majka-kritikuvana-otkako-sakashe-da-se-fali-so-mladeshkiot-izgled-video-02.jpg

Иако мајката навистина има завидувачки младешки изглед, сепак многумина не го прифаќаат тоа и следбениците ѝ упатија критики. 

„Ајде де, не сме ниту слепи, ниту глупави“, „Таа во црвената кошула изгледа како да има 46 години, а таа во сината како да има 22“, „Мајката е во црвената кошула. Се гледа дека има подебела кожа што значи дека е постара. Ќерката изгледа значително помладо“, „Вратот и брчките те издаваат, извини мамо“, „Ако зборуваме за ниво на интелигенција, тогаш и двете имате 22“ – стои во дел од коментарите под нивното видео.

Инаку Барби Портер е позната инфлуенсерка на социјалните мрежи која редовно објавува провокативни фотографии и видеа од нејзиниот живот, а стекна огромна популарност за време на карантинот и пандемијата.

Погледнете повеќе нејзини фотографии во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Станав полицаец откако очувот ја уби мајка ми – сега им помагам на жртви на семејно насилство“ „Беше чудно кога гледав како очувот го изнесува полиција бидејќи ја удрил мајка ...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Мајка-херој од Англија загинала за да ја спаси 5-годишната ќерка – гранка од дрво паднала врз неа до... Мајка од Англија шетала во парк со својата ќерка, кога се откршила гранка од дрв...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...

Најчитани неделава