Снежна покривка од 2 метра, блокирани врати - како изгледа бурата што ја зафати државата Њујорк?
- Детали
- понеделник, 21 ноември 2022
Американската држава Њујорк ја зафати снежна бура која сè уште трае, а во некои области наврнале и до два метра снег – како се справуваат локалците со неочекуваните врнежи?
Во американската држава Њујорк има снежна бура која урива рекорди – во неколку области и градови наврнаа речиси 2 метра снег, а засега нема знаци дека бурата ќе престане.
Врнежите од снег почнаа на 16-ти ноември во Бафало – еден од најголемите градови во Њујорк – а само за два-три дена се проширија низ неколку области.
Во Бафало обилните врнежи од снег не се нова појава, но досега никој не видел бура како оваа.
Во најзафатените области беше прогласена и кризна состојба поради неочекуваниот снег, а наводно над 6.000 домаќинства останале без струја.
Твитерџиите, пак, масовно споделуваат фотки на кои покажуваат како изгледа снегот и како се справуваат со бурата. Бидејќи, за среќа, нема жртви, повредени или голема материјална штета, некои корисници дури и се шегуваат.
Дел од најдобрите фотографии во продолжение:
„Може ли некој од пријателите од Бафало да ми каже што се случило овде?“
„Моето соседство“.
„Мојот автомобил е таму... некаде“.
„9 лименки и уште ќе броиме“.
„Зад мене има ограда висока 180 сантиметри“.
„Работи што денес можете да ги правите во Бафало“.
„По 8 часа успеавме! Барем додека повторно да дојде багерот и да нè затрупа со снег“.
„Добро утро Бафало“.
„За контекст – околу детското игралиште има метална ограда висока 120 сантиметри“.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





