Снежна покривка од 2 метра, блокирани врати - како изгледа бурата што ја зафати државата Њујорк?
- Детали
- понеделник, 21 ноември 2022
Американската држава Њујорк ја зафати снежна бура која сè уште трае, а во некои области наврнале и до два метра снег – како се справуваат локалците со неочекуваните врнежи?

Во американската држава Њујорк има снежна бура која урива рекорди – во неколку области и градови наврнаа речиси 2 метра снег, а засега нема знаци дека бурата ќе престане.
Врнежите од снег почнаа на 16-ти ноември во Бафало – еден од најголемите градови во Њујорк – а само за два-три дена се проширија низ неколку области.
Во Бафало обилните врнежи од снег не се нова појава, но досега никој не видел бура како оваа.
Во најзафатените области беше прогласена и кризна состојба поради неочекуваниот снег, а наводно над 6.000 домаќинства останале без струја.
Твитерџиите, пак, масовно споделуваат фотки на кои покажуваат како изгледа снегот и како се справуваат со бурата. Бидејќи, за среќа, нема жртви, повредени или голема материјална штета, некои корисници дури и се шегуваат.