Не консумира алкохол, вежба секое утро: Што прави Ким Кардашијан за да изгледа толку добро на 42 години?

Ким Кардашијан долго време важи за една од најубавите жени во светот. На 42 години, таа ги има сите причини да се чувствува подобро од кога било. Но, која е тајната за младешката енергија и сјајот на Ким?

ne-konsumira-alkohol-vezhba-sekoe-utro-koi-se-zdravite-naviki-na-kim-kardashijan-koi-i-pomagaat-da-izgleda-odlichno-na-42-godini-01.png

На 42 години, Ким Кардашијан изгледа мошне добро и ретко кој би можел да ја погоди нејзината возраст. Ријалити ѕвездата води добра грижа не само за игледот, туку и за здравјето, а резултатите се повеќе од очигледни.

Што прави Ким Кардашијан за да изгледа толку добро?

Јаде претежно растителна храна

Ким Кардашијан следи диета полна со растителни производи од 2019 година.

Се труди да јаде повеќе антивоспалителни и антиоксидантни намирници, и смета дека внесувањето храна од растително потекло позитивно влијае на нејзиното целокупно здравје.

Ова ѝ помага да ги контролира псоријазата, расположението и нивото на стрес.

Не консумира алкохол

Не пие алкохол и тоа е нешто што не ја интересира веќе подолго време.

Дури и кога била млада, таа ги мразела сите луди забави толку многу, што останувала дома и никогаш не сакала да пие или да се забавува. 

Се буди рано и сака да вежба наутро

Заедно со придржувањето до планот за здрава исхрана, Ким е посветена и на нејзината рутина за вежбање рано наутро.

Таа изјави за Vogue дека секое утро се буди во 5:30 за да вежба и оди во теретана шест дена во неделата за околу 60-90 минути вежбање.

Иако Ким Кардашијан изгледа неверојатно на 42-годишна возраст, многу фактори придонеле за тоа - некои здрави, некои не толку и речиси сите се производ на преголемото богатство и славата.

Иако пристапот на Ким Кардашијан за здрав живот можеби не е одржлив за секого, секако е интересно да се погледне во редовната рутина на славната личност.

И, ако не можеме да примениме сè, барем можеме да вежбаме секојдневно дома и да обрнеме повеќе внимание на нашата исхрана.

M. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Абортирала поради него, ја терал да спие со Ерос Рамацоти за да направи еротски фотки - Бурната љубо... Поранешниот сопруг, познат и како „крал на папараците“ во Италија, продавал нејз...

Најчитани неделава